• Latest
Делегацијата на ПССЕ во Скопје, март 2024 година (фото извор: веб страницата на ПССЕ)

Предизборната делегација на ПССЕ: Периодот пред изборите стабилен, се очекува исполнување на демократските стандарди

April 2, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Предизборната делегација на ПССЕ: Периодот пред изборите стабилен, се очекува исполнување на демократските стандарди

April 2, 2024 21:19
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Делегацијата на ПССЕ во Скопје, март 2024 година (фото извор: веб страницата на ПССЕ)

Делегацијата на ПССЕ во Скопје, март 2024 година (фото извор: веб страницата на ПССЕ)

Share on FacebookShare on Twitter
Овој текст е објавен на PACE на 28 март 2024

Предизборната делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја заврши својата посетата на Северна Македонија (25-28 март 2024 година). Делегацијата во својот извештај истакна дека периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да се одржат со демократски стандарди. Исто така, членовите на делегацијата истакнаа дека е потребно засегнатите страни да се погрижат кампањата да тече непречено сѐ до денот на изборите.

Шестчлената меѓупартиска делегација предводена од Алфред Хеер (Швајцарија, АЛДЕ) која ја спроведуваше својата проценка во Скопје, се сретна со претседателот на Собранието на Северна Македонија, кандидатите за претседател, партиските лидери и претставници, претседателот и членови на Државната изборна комисија (ДИК), новинари и граѓански групи, членови на дипломатскиот кор, колеги меѓународни набљудувачи од ОДИХР и членови на делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ. Тие истакнаа дека речиси сите политички партии во Северна Македонија се за европска интеграција на земјата и се надеваат дека ќе се најде решение за преостанатите пречки.

Делегацијата исто така беше информирана дека долгогодишнитe препораки на ОДИХР сѐ уште не се имплементирани, вклучително и препораките за усогласување на Изборниот законик, за утврдување јасни процедури за мандатот и именувањето на државните изборни органи и обезбедување ефективен правен лек за изборните спорови. Делегацијата изрази задоволство за општата доверба во севкупниот професионализам на ДИК, но забележа помал степен на доверба во пониските изборни тела.

Тие забележаа и општо ниво на доверба во точноста на Избирачкиот список и методите на регистрација на избирачите. Сепак, можно е да постои неточност во вкупниот број на гласачи со оглед на тоа што во евиденцијата има граѓани кои повеќе не живеат во земјата.

Членовите на делегацијата на ПССЕ пројавија загриженост за оние граѓани кои ќе наполнат 18 години помеѓу првиот и вториот круг од претседателските избори на кои ќе им биде одземено правото да гласаат за вториот круг од претседателските избори.

Делегацијата беше запознаена дека партиите и кандидатите можат слободно да водат кампања.

Иако говорот на омраза не се смета за главен изборен проблем, делегацијата на ПССЕ беше информирана за случаи на лични напади и обиди за заплашување против претставници на граѓанското општество, кои кулминираат со поттикнување насилство, па дури и смртни закани. Тие најостро ги осудуија ваквите практики кои се неприфатливи во европската демократија и изразија надеж дека надлежните органи итно ќе преземат силни мерки против сторителите на ваквите закани.

ПССЕ истакнува дека, иако досега нема знаци за масовна злоупотреба на државните ресурси, постои загриженост дека тоа сепак може да се случи за време на изборната кампања. Се разговраше и за можни притисоци врз вработените во јавниот сектор, како и врз затворениците во затворите.

Формулата за дистрибуција на политичко рекламирање во медиумите и на јавните простори, некои ја гледаат како привилегирање на поголемите и поафирмирани партии, наместо како обезбедување фер пристап на сите партии, вклучително и помалите.

Делегацијата, исто така, ја истакна загриженоста за одредени аспекти на изборниот процес, вклучително и изборната правна рамка (донесувањето амандмани во последен момент на Изборниот законик, иако е јасно неопходно за подобро спроведување на изборниот процес, сепак, е спротивно на препораките на Венецијанската Комисија), како и прилично слабото регулирање на правилата за финансирање на кампањите (особено во врска со мноштвото веб-портали создадени неодамна со единствена цел да се добие јавно финансирање за партиите).

Истакнаа дека средувањето на  недостатоците пред денот на изборите може да биде предизвик, но побараа брза интеренција за оние кои сè уште можат да се поправат.

ПССЕ ги претставува парламентарците од 46 европски нации и ги набљудува изборите во Северна Македонија во рамките на својот пост-мониторинг дијалог со земјата. Полноправна делегација на ПССЕ од 22 члена, придружувана од правни експерти од Венецијанската комисија, ќе го набљудува гласањето на 24 април во рамките на меѓународната мисија за набљудување на изборите заедно со ОДИХР, а потоа и на 8 мај, кога треба да се приклучат и делегации од Парламентарното собрание на ОБСЕ и од Европскиот парламент.

Во состав на делегацијата се Алфред Хер (Швајцарија, АЛДЕ), Стефан Шенах (Австрија, СПЦ), Крис Саид (Малта, ЕПП/ЦД), Селивај Челенк Озен (Турција, УЕЛ), Сибел Арслан (Швајцарија, СПЦ), ко-известувач на Комитетот за следење на ПССЕ, и Џозеф О’Рајли (Ирска, ЕПП/ЦД), ко-известувач на Комитетот за следење на ПССЕ.

Подготви: М. С.


Извор: PACE

Tags: „избори“ПССЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ