• Latest

3 мај низ вековите

June 3, 2018
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3 мај низ вековите

June 3, 2018 07:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1098.- По петмесечна опсада во Првата крстоносна војна, крстоносците го зазеле градот Антиохиј (денешна Антакија на југот на Турција).

1657.- Умрел англискиот лекар Вилијам Харви, основач на модерната физиологија. Тој ја открил природата на циркулацијата на крвта во срцето како пумпа. Научното толкување за работата на срцето и физиологијата на крвотокот го затемелил со правење експерименти врз животни.

1875.- Умрел францускиот композитор Жорж Бизе, автор на операта „Кармен“, ремек-дело на францускиот музички реализам, еден од најоригиналните и најсугестивните оперски композитори. Останати дела: операта „Ловци на бисери“, сценската музика за „Арлезијанка“, од Алфонс Доде, „Симфонија во C-dur“.

1896.- Во Москва бил потпишан договор меѓу Русија и Кина за ненапаѓање во следните 15 години. Кина и одобрила на Русија да ја користи железницата во северна Манџурија.

1899.- Умрел австрискиот композитор, виолинист и диригент Јохан Штраус Младиот, творец на виенските оперети. Компонирал и валцери, маршеви. Дела: „Слепиот глушец“, „Циганот барон“, „Ноќ во Венеција“, валцерите „На убавиот син Дунав“, „Приказни од виенските шуми“, „Виенска крв“, „Виена, жени и песни“.

1906.- Родена е француската пејачка од афроамериканско потекло Жозефина Бекер, која во Втората светска војна му се приклучила на движењето на отпорот против нацистите за што била одликувана со највисоки француски ордени. Со светска слава се стекнала по 1925 година, кога настапувала во париските кабареа „Фоли Бержер“ и „Казино д` Пари“. Пеела шансони, збогатувајќи ги со типично француски песни со елитен џез. Како истакнат борец против расизмот, уште во раната младост посвоила многу сираци од различни раси одгледувајќи ги во духот на братството и човековата солидарност. Нив ги издржувала од приходите стекнати на гостувањата ширум светот.

1917.- Прогласена била „независност“ на Албанија под италијанска заштита. Албанија по Балканските војни за првпат во историјата била востановена како држава, најмногу под влијание на Австроунагрија, со цел Србија да не излезе на море.

1924.- Во Виена умрел Франц Кафка, австриски писател. Во своите раскази и романи го изразувал чувството на несигурност кај човекот и во нив осамениот човек што доаѓа во конфликт со бездушната бирократија. Негови најпознати дела се романите „Процес“, „Америка“, „Замок“ и расказите „Преобразба“, „Селски лекар“ и други. Роден бил во Прага, на 3 јули 1883 година.

1926.- Роден е американскиот поет Ален Гинзберг. Дела: „Кадиш“, „Празно огледало“, „Индиски дневници“, „Падот на Америка“. Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

1940.- Хитлеровите окупаторски сили ја почнале офанзивата против француските сили од линијата Девил – Седан во северна Франција. Целта била освојување на Париз. Пред тоа германските сили ги зазеле Холандија, Белгија и Луксембург.

1942.- Кај островот Мидија, на Пацификот, почнала тридневната поморска битка меѓу американските и јапонските сили. Победата на Американците донесла рамнотежа на воените сили.

1963.- Умрел римскиот папа од италијанско потекло Јован XXIII, поглавар на римокатоличката црква од 1958 година и водач на реформската црковна струја. Во 1962 година го свикал Вториот екуменски концил (собир) на кој биле најавени далекусежни реформи во римокатоличката црква, кои подоцна биле спроведени.

1965.- Американскиот астронаут Едвард Вајд излегол од вселенскиот брод „Џемини 4“, кој кружел околу Земјата. Со тоа тој станал првиот Американец „шетач“ по вселената, три месеци по рускиот космонаут Алексеј Леонов.

1976.- Поранешниот претседател на Боливија Хуан Хосе Торес бил пронајден убиен во Аргентина.

1997.- Водачот на Социјалистичката партија Лионел Жоспен станал претседател на владата на Франција по убедливата победа на левицата на парламентарните избори.

2001.- Во Бостон умрел Ентони Квин, американски филмски актер од мексиканско потекло, добитник на две награди „Оскар“ за епизодни улоги. Роден бил во Чивава, на 21 април 1915 година.

2006.- Собранието на Црна Гора усвоило одлука за прогласување независност на Република Црна Гора, според која Црна Гора е независна држава со целосен меѓународен правен субјективитет.

2016.- На 74-годишна возраст починал легендарниот американски боксер Мохамед Али, кој 32 години се бореше против Паркинсоновата болест. Во својата тридецениска боксерска кариера, Мохамед Али, кој е роден како Касиус Клеј, забележа 56 победи, од кои 37 со нокаути, и пет порази. Тој е првиот боксер во историјата, кој успеал трипати да ја освои титулата светски шампион во тешка категорија.

(MIA)

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ