• Latest

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025 13:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Координативното тело кое постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми ги финализираше активностите реализирани за време на Локалните избори 2025 година, се вели во соопштението Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги, кое МИА го објавува интегрално.

На почетокот на изборниот процес, Координативното тело ги охрабри сите субјекти на кои се однесува Кодексот да се приклучат и да се заложат за почитување на неговите одредби со што ќе помогнат Локалните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера. Кодексот им беше испратен на сите медиуми, како и на сите партии и независни кандидати кои учествуваа во изборниот процес. За време на овие избори кон Кодексот пристапија: Хелсиншкиот комитет за човекови права, медиумите PressOnline.mk и StrumicaNet.mk, две политички партии (Десница и Демократски сојуз) и 4 групи избирачи (Кети Сталеска, Енис Демиров, Страхил Гавритов и Марјан Калевски од Зелен хуман град). Со ова, вкупниот број субјекти кои пристапија кон Кодексот се искачи на 33.

Освен ова, за да се мотивира јавноста да поднесува претставки, беа креирани профили за Кодексот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, на кои беа објавувани пораки и видеа на македонски и албански јазик како дел од кампања со која се промовираше значењето на етичкото и одговорно однесување во дигиталниот простор за време на изборните процеси, начинот на поднесување претставки до Координативното тело и начинот на постапување на Телото.

Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот, во овој втор изборен циклус во кој функционира, расправаше и донесе заклучоци за 8 претставки (пет повеќе од лани). Бројот е сѐ уште мал, но порастот покажува дека раст свесноста за улогата на Телото како механизам за брза реакција во случај на неетичко однесување во онлајн просторот – каде што најчесто се шири говор на омраза и манипулативна комуникација. Подносителите на претставките реагираа на случаи во кои, според нив, беа прекршени начелата за фер изборна комуникација, точност на информациите и почитување на приватноста и достоинството на политичките ривали, при што четири од претставките се однесуваа на медиуми, три на политичари и една на поддржувач на кандидат.

Во две претставки поднесени од Коалицијата ВЛЕН за Triling.mk и Fokus.mk, беше констатирано прекршување на член 1 и член 13 од Кодексот на новинарите на Македонија, во кои од новинарот се бараат да објавува точни и проверени информации, да ги вклучи сите засегнати страни и да прави разлика меѓу вест и коментар, односно меѓу фактите и мислењето. Телото своите заклучоци ги заснова на мислењата доставени од Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), како саморегулаторно тело надлежно за медиумите.

Во однос на претставка поднесена од кандидатка за градоначалник на Кочани од Левица за локалното Радио Кочани поради закажана дебата на која биле повикани само двајца од шесте кандидати за градоначалник оваа Општина, Телото го поддржа постапувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која, како регулаторно тело надлежно за радиодифузерите, го потсети медиумот дека согласно Изборниот законик има обврска во време на изборна кампања да им овозможи еднакви услови за претставување на сите учесници.

Две претставки, едната од Apla.mk за кандидат за советник во Општина Битола, а другата од граѓанка за кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, се однесуваа на јазикот користен од политичарите во комуникацијата со своите ривали, со медиумите или со граѓаните. Во двата случаи Телото расправаше и утврди прекршување на член 5 од Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на избори и референдуми, во кој политичарите, меѓу другото, се повикуваат да не промовираат неточни, нецелосни или злонамерни информации, да не водат негативна кампања и да не шират дискриминација врз која било основа.

Во претставката за градоначалникот на Македонска Каменица и кандидат за нов мандат, граѓанка наведе дека тој во објава на социјалните мрежи „навредува, шири говор на омраза и шпекулации“ против нејзината мајка. Телото утврди дека немаше таков говор, но заклучи дека градоначалникот ја користеше официјалната страница на Општината за промоција на неговите активности во изборната трка, поврзувајќи го личниот профил на Фејсбук, означен со партиски симболи и број на гласачкото ливче, со општинскиот профил, што е спротивно на Кодексот и принципите за транспарентност.

За две претставки, едната од Коалицијата ВЛЕН за Tetovasot.mk, а другата од Apla.mk за поддржувач на независната иницијатива Поинаку, Телото не постапи поради ненадлежност. Во првиот случај, објавата која беше предмет на претставката третираше теми од јавен интерес, но не се однесуваше на изборите, додека во вториот стануваше збор субјект кој не е опфатен со Кодексот т.е. за граѓанин – поддржувач на политичка опција.

Сите поднесени претставки, како и заклучоците на Координативното тело, се јавно достапни на веб страницата www.izborenkodeksonline.mk, соопшти ААВМУ, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ