• Latest

3 март: Германија за брз почеток на преговорите со ЕУ, црна кампања, имигрантска криза, ЦИВИЛ за говорот на омразата…

March 3, 2020
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

3 март: Германија за брз почеток на преговорите со ЕУ, црна кампања, имигрантска криза, ЦИВИЛ за говорот на омразата…

March 3, 2020 20:31
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Германија за брз почеток на преговорите со ЕУ

По позитивните оценки од ЕК за Северна Македонија и за Албанија, Германија се залага за брз почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– Двете земји направија јасен прогрес во клучните реформи области, особено во зајакнувањето на судскиот систем и борбата против организираниот криминал. Ние ги споделуваме позитивните оценки на ЕК. Затоа се залагаме за брз старт на преговорите за членство во ЕУ. Пристапните преговори се најдобрата алатка што може да им се даде на Албанија и на Северна Македонија и најдобрата можна поддршка на за понатамошен напредок, оценува Мас.

Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување, како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, истакнал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.

Холандските пратеници од Kомисијата за европски прашања на 5 март ќе разговараat за проширувањето кон западниот Балкан, информира холандскиот парламент.

Станува збор за „процедурална средба“ на Парламентарната kомисија за европски прашања на која пратеници ќе „одлучуваат за начинот на кој ќе се третираат“ разни документи, вклучително и „владини ноти“ за проширувањето на ЕУ и западниот Балкан. Но и за буџетот на ЕУ, работната програма на Европската Комисија, Брегзит и Конференцијата за иднината на Европа.

Напредок во клучните реформски области е констатиран во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за пристапни преговори, што е основа врз која земјите членки на ЕУ овој месец треба да одлучат дали ќе го одобрат нивниот почеток. Извештајот на ЕК е фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија.

БЛИЦ: Од каде се парите?

Џабир Дерала: ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време води обемна и скапа реклама. Со оглед на милионските долгови во евра, замрзнатиот имот и нерасчистените (милионски) сметки од претходните изборни процеси, останува отворено прашањето – од каде се парите?

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Фејсбук одлуки за политички поени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го оцени преименувањето на две училишта во општина Чаир како незаконски спроведена постапка, која Централниот регистер треба да ја коригира веднаш, бидејќи не постои одлука на Советот на општина Чаир. За промената инфомираше министерот за образование Арбер Адеми на својот Фејсбук профил.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шекеринска: Да не се шират лажни вести за мигрантската криза, на тој начин не се штити државата

Состојбата на јужната граница е стабилна, ќе реагираме превентивно и според сите можни сценарија, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во касарната „Илинден“ каде што информраше дека викендов се започнати подготовките да се зголеми присуството на полицијата и армијата на пограничната линија поради настаните на турско-грчката граница со мигрантите.

-Во моментот притисокот на нашата граница не и изразен повеќе од претходно, главниот притисок е на грчко-турската граница. Факт е дека тоа предизвика одредено повлекување на грчките сили да се фокусираат на турската граница и тоа предизвика придвиживање на мигрантите кои веќе беа во Грција кон северот на Европската унија, истакна Шекеринска.

Министерката повика да не се шират лажни вести и да не се создаваат диезинформации без раслика која е причината и каква агенда стои позади тоа.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО: 

Министрите за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, Република Летонија, Едгарс Ринкевич, на Република Литванија, Линас Линкевичиус и заменик министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмер, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска и утре се во посета на Република Северна Македонија, во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

*

Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР ќе ги наблудува изборите на 12 април, со 250 краткорочни набљудувачи. Тана де Зулуета, шеф на мисијата, кажа дека изборите ке ги наблудува и една делегација на Европскиот Парламент.

*

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се надева дека заедно со партиите од коалицијата на предвремените парламентарни избори ќе победат со повеќе од 61 пратеник. Но, тоа, вели Заев, не значи дека не се отворени за постизборна коалиција, со оглед на тоа што е потребно стабилно мнозинство со цел да се работи на исполнување на сите реформски процеси и развој на економијата за да се подобри животот на граѓаните.

*

Пациентката која има коронавирус и е на Клиниката за инфективни болести се чувствува добро и веќе трет четврт ден е без температура. Полека влегува во постабилна фаза од болеста. Нема нови пациенти кои во овој момент се тестираат за коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски го посетија граничниот премин Табановце со цел проверка на системот за превенција од коронавирус.

*

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити денеска изјави дека се подготвени за евентуален бран на мигранти.

*

Како незаконски спроведена постапка, која Централниот регистер треба да ја коригира веднаш, бидејќи не постои одлука на Советот на општина Чаир го оцени денеска лидерот на СДСМ преименувањето на две училишта во општина Чаир, за што вчера на својот Фејсбук профил инфомираше министерот за образование Арбер Адеми.

*

Од почетокот на јавниот увид во Избирачкиот список на 26 февруари до 1 март, во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) 2.613 граѓани ги провериле своите податоци.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел на ЦИВИЛ за говорот на омразата

ЦИВИЛ ја организира панел дискусијата „Говорот на омразата: Состојби и решенија“ во четврток, на 5 март, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот. За состојбите, но и за решенијата на проблемите поврзани со деструктивниот потенцијал што го носи говорот на омразата, ќе говорат Снежана Трпевска, Институт РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Замислете поинаква предизборна стратегија: наместо ширење хистерија и теории на заговор, опозицијата и нејзиниот медиумски арсенал јавно да се стават на политичко располагање за конструктивна и добронамерна помош во справувањето на државата со оваа потенцијална криза…“, пишува Сашо Орданоски во Пропагандната „муниција“ и мигрантите.

Македонија не може да биде „солиден студент“, поентира Џевдет Хајредини: Амбасадорот на С.Р. Германија, г. Томас Герберих, во едно интервју, изјави: „Ако ги прашате луѓето што стојат тука пред врата за работна виза, дали би останале во земјава ако има подобри услови, подобри болници за нивните деца, образовен систем, ако се чувствуваат посигурно, да има независно правосудство, борба против корупцијата, секако дека би останале. Платите играат улога, но во едно развиено демократско општество и платите може да се зголемат“.

Како и зошто судијата-милионер е дел од антизападната кампања? е прашањето на кое свој одговор даде Џабир Дерала. „Уште „испаруваше“ онлајн коментарот против ЕУ од судијата-милионер, а познатата плејада медиуми веднаш го објавија неговиот коментар и ги нападнаа алгоритмите на интернет просторот. Тоа се оние исти медиуми , за кои деновиве дознавме дека во 2018 година добиле милионски суми за кампања против македонските стратешки интереси и зачленувањето во НАТО“ – пишува Дерала.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ