коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Веќе со недели трае црна кампања со летоци, а деновиве започна и кампања на билборди со слична содржина. Нарачател: ВМРО-ДПМНЕ. Од содржината на летоците што се растураат низ целата земја со недели наназад, не е тешко да се забележи авторството. Видео спотови со висок технички квалитет, на спонзорирани линкови и профили на социјалните мрежи со нескриено авторство се гледаат секој ден.
Скапа и обемна кампања (црна) води партијата која, според признанието на нејзиниот висок функционер, Александар Николоски, има долг од осум милиони евра, замрзнат недвижен имот и има нерасчистени сметки во висина од 400.000 евра од претседателските во 2019 и преку три милиони евра од предвремените парламентарни избори во 2011 година.
Од каде се парите?
Се разбира, освен јавноста, ова прашање можат да го постават и релевантните институции. Останува да видиме дали и ќе го постават.