• Latest

30 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ – фуриозно во скандали

July 25, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

30 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ – фуриозно во скандали

Премиерот Мицкоски се пофали на социјалните мрежи за постигнувњата за првите 30 дена од работата на неговата Влада. Се разбира, во неговата колона на постигнувања се само оние остварувања што тој ги нарекува успешни. Наше е да ја испишеме другата колона, која е многу подолга од онаа на премиерот, колку и да не му се допаѓа тоа.

July 25, 2024 14:35
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Премиерот Мицкоски се пофали на социјалните мрежи за постигнувњата за првите 30 дена од работата на неговата Влада.

Се разбира, во неговата колона на постигнувања се само оние остварувања што тој ги нарекува успешни.

Наше е да ја испишеме другата колона, која е многу подолга од онаа на премиерот, колку и да не му се допаѓа тоа. И колку и да се вознемирува кога јавноста и новинарите поставуваат прашања и бараат одговори. Тоа е првото на кое мора да се навикне затоа што во нашата земја слободата и транспарентноста веќе цврсто си ги зазедоа местата кои им припаѓаат во општеството. Меѓу периодот на заробени медиуми и општество од пред 7 години, до денес, кога ВМРО-ДПМНЕ е повторно на власт, имавме период која ја направи таа разлика.

Затоа сега се во мртва трка скандалите кои ги продуцираат од прв ден бидејќи ништо денес не може да ги замолчи медиумите и граѓаните, наспроти нивната желба и порив. Во првите 30 дена издоминираа скандалите.

Ако одиме хронолошки, прво на листата е употребата на името Северна Македонија

Чукањето во гради во врска со личното и човеково право да ја нарекува државата Македонија или Република Македонија, заврши со првото патување во надвор од земјата – на Самитот на НАТО. Толку беше „ритањето“ со правото на слободата на изразување. Заврши рефлексот од изборниот занес, како што завршува рефлексот на жабата кога ја дразнат со струја и за само 15 дена нашата земја си го врати уставното име – Република Северна Македонија.

Но, за жал, од инаетот на Мицкоски, ние сега имаме нарушени односи со Грција, земја со која после 30 години „замрзнати релации“, со Преспанскиот договор поместивме сериозни придобивки за земјата, како членството во НАТО, на пример.

Инвестиција на Алказар е само дел од листата желби

Едно е да сакаш да изгледа фуриозно почетокот на работата на новата Влада, но, работите не се секогаш така како што изгледаат, па затоа треба да ги гледаме работите пореално. Така треба да се гледа и на најавената инвестиција на Алказар Енерџи која се најавуваше уште во кампањата.

За да биде појасно: Парите за новиот ветерен парк на Мицкоски, инвеститорот Алказар Енерџи треба да ги обезбеди до последниот квартал на 2025 година, а работите на изградбата на ветерниот парк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш треба да започне на почетокот на 2026 година.

Така стои и во официјалното соопштение на Алказар Енерџи кое беше објавено веднаш по претставувањето на инвестицијата и така треба да се гледа на неа: Таа е само желба на листата.

Учебници ќе има, па ќе нема

Само што седна во министерското столче, новата министерка за образование на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска веднаш почна да се правда дека дека не може да го исполни предизборното ветување со кое тврдеше дека учебници од септември ќе има за сите.

Министерката Јаневска изјави дека дури и да имале волшебно стапче нема да можат да обезбедат учебници во септември. Јавноста праша е каде е сега волшебното стапче од камапњата кога ветуваа дека до септември ќе направат сѐ за да има учебници.

Министерка со бугарско државјнаство во владиниот состав

Само што се формираше составот на Владата, редакцијата на 360 степени откри дека министерката за енергетика и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска, директорувала со хрватската канцеларија на фирмата „Руднап“ користејќи бугарски пасош. Во изјава за „360 степени“, министерката Божиновска негираше дека поседува бугарско државјанство, но не одговари дали поседувала. Дополнителните проверки покажаа дека таа побарала отпуст во втората половина на минатата година и дека процедурата не е завршена, што значи дека сè уште е бугарска државјанка.

Двојното државјанство за избрани функционери не е забрането со закон, но отвора дилеми за моралните квалитети, како и за тоа што ќе се случи ако министер биде во состојба да одлучува за прашања што ги засегаат двете или повеќе негови татковини. И да не заборавиме дека токму ВМРО-ДПМНЕ поднесуваше амандмани за изборот на јавни функции да се оневозможи да бидат избрани лица со двојно државјанство.

Милијардата на Орбан се преполови на 500 милиони

И оваа „постигнување“ беше дел од предизборната кампања, само што тогаш се најавуваше една милијарда без да биде отворено соопштено кој и од каде ќе и даде на земјата таква финансиска поддршка и под кои услови.

Повторно прашање на транспарентност и кога дојде време отворено да се соопшти потеклото и „дарителот“ на оваа финансиска поддршка, таа се преполови на 500 милиони евра, и освен што беше соопштено дека парите доаѓаат од Унгарија, остана мистерија зошто и под кои услови земјата ќе ги добие овие пари, освен што беше соопштена висината на каматата, 3,25%.

Во интервјуто на ТВ Телма премиерот вели „наместо да му речеме алал (на Орбан, н.з.)“, новинарите поставуваат прашања за тоа од каде му се парите и дали зад овој унгарски „подарок“ се крие нешто друго. Прашања што се сосема легитимни и очекувани да ги постават медиумските работници и јавноста и на кои премиерот мора да се навикне.

А јавноста, и економските експерти велат Владата останува должна со одговори на серија прашања: Кои се условите за позајмицата? Дали има некои скриени клаузули, дали има некое обезбедување за Унгарија доколку не го враќаме заемот на време? Унгарија не е позната како земја која плива во пари, туку напротив, како земја која е зависна од ЕУ фондовите и зошто земаме заем баш од Унгарија? Дали мотивите се само политички, или има и нешто друго? Дали во целата игра е вмешан некако и поранешниот премиер Груевски, кој се чини сè уште има силно влијание во новата владејачка партија?

Многу прашања кои јавноста нема да ги заборави и ќе ги очекува одговорите.

Конечно, дури и да е заемов само поради ширење на унгарското влијание во регионов – дали ни треба такво нешто на нас како држава во моментов?“, се прашањата што ги поставуваат експертите, и уште прашуваат, дали треба Македонија да се зближува со „црната овца“ и најпроблематичната членка на ЕУ, имајќи ја предвид позицијата на Унгарија и нејзината репутација во Европската Унија.

Наместо 5000 наеднаш, пензиите ќе се зголемат на два пати по 2500

И ова предизборно ветување на кое ВМРО-ДПМНЕ освои голем дел од гласите на пензионерите нема да се исполни како што беше ветено. Од белата палата сфатија дека ќе направат огромна дупка во пензискиот фонд, па наместо наеднаш како што беше ветено, пензионерите 5-те илјади ќе ги добијат на два пати.

Имотот на Јанушев и патувањето на синот на Мицкоски со татко му на Самитот на НАТО во Вашингтон

Овие два случаја, како одделни влегоа и во институционална постапка.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформи предмет и во тек е постапката за утврдување на вистинитоста и точноста на податоците искажани во анкетниот лист за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Ќе се испитува како дошло до тоа Игор Јанушев да добие на подарок недвижен имот вреден повеќе од 350 милиони евра, а истрагата на ДКСК би требало да укаже и на тоа како на тој недвижен имот, чија верфикација на сопственоста на направил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како адвокат и како и тој се стекнал со надвижен имот во објекот на парцелата подарок на Јанушев вреден неколку стотици илјади евра.

Авио билети во бизнис класа

Колената на премиерот биле во прашање, па затоа за огромната делегација во САД беа платени авио билети во бизнис класа. Прескапо патување, иако целта на тоа патување беше учеството на Самитот на НАТО, кој се одржа по повод 75 години од Алијансата и на кој Северна Македонија е членка, еднаква со најголемите воени сили во светот, благодарение на Преспанскиот договор, кој Мицкоски не го признава, ама го прифаќа како реалност.

Ова со авиобилетите и причината за патување во бизнис класа кое е со трикратно и повеќе повисока цена од онаа економската, е поврзана со колената на премиерот, а тие болки се изгледа „заразни“ па ги добил и Митко Чавков, еден од осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април. Од тие причини и добил еден месец отпуст од издржувањето на затворската казна од новиот директор на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Мешање во правосудството

Мицкоски и неговата Влада добија сериозни обвинувања и „заушки“ и за нивното инсистирање да ги укинат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Амбасадорите на ЕУ и САД во Северна Македонија, Дејвид Гир и Анџела Агелер изразија поддршка на Судскиот совет и ги повикаа судиите да се ослободат од политичките притисоци. Можноста за распуштање на Судскиот совет, како и на Советот на јавни обвинители според евроамбасадорот Гир и американската амбасадорка Агелер „предизвикува сериозна загриженост “, а Мицкоски тоа го нарече мешање во внатрешните работи на државата и уште повеќе се заплетка.

Таа негова невимателна изјава предизвика одговор на Агелер, која рече дека „САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата.

Листата продолжува

Со колената на Мицкоски и Чавков продолжува листата на скандали на новата влада. На оваа листа може да се надодадат и заканата на ЗНАМ дека ќе излезе од Владатадоколку министрите Албанци продолжат да го истакнуваа албанското знаме во инстотуциите на Владата, што само потврди дека коалиција на на ВМРО-ДПМНЕ е на стаклени нозе.

Дека е на такви нозе поставена се коменатираше и кога во владиниот состав влезе и Иван Стоиљковиќ, како заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, кога се поставија прашања што бара во владата на земја членка на НАТО човек за кој има потврдени информации за блиски врски со Кремљ и потесното опкружување на Путин.

Извор: Рацин 


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: 30 дена ВладаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ