Доцна синоќа беше притворен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.
Одлуката на Основното јавно обвинителство за приведување на Атанасовски следи по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои како обвинети за инцидентите во Собранието на 27 април го посочија екс-директорот на УБК како еден од огранизаторите на упадот во Собранието.
По распитот судот одлучи да му одреди 30 дневен притвор на Атанасовски. Тој ќе биде гонет за „здружување заради непријателска дејност.
Владимир Атанасовски од Делчево стана директор во Управата за безбедност и контраразузнавање, по оставката на Сашо Мијалков, а по смената од таа функција стана советник за безбедност на опозицискиот лидер Христијан Мицковски. Токму Атанасовски беше оној кој не и дозволи на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да влезе во тајната полиција и да земе податоци од системите за прислушување.
М. И.