На денешен ден…
1865 американскиот конгрес го усвои 13-тиот амандман, укинувајќи го ропството во Америка
1945 Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1950 американскиот претседател Хари Труман јавно објави поддршка за развојот на хидрогенската бомба
1958 САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
1994 Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994 Во Скопје е формирано Друштво на македонско – турско пријателство и соработка.