• Latest

31 март – Меѓународен ден на видливоста на трансродовите луѓе

March 31, 2020
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

31 март – Меѓународен ден на видливоста на трансродовите луѓе

Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе е годишен настан што се одблежува на 31 март, посветен на прославување на трансродовите луѓе и подигнување на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите луѓе ширум светот, како и прославување на нивните придонеси во општеството.

March 31, 2020 11:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе е годишен настан што се одблежува на 31 март, посветен на прославување на трансродовите луѓе и подигнување на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите луѓе ширум светот, како и прославување на нивните придонеси во општеството.

Под мотото „Постоиме!“ денес започнува кампањата за одбележување на Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе – во организација на Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија -– ТрансФормА.

Пораката која ја пренесува кампањата е дека трансродовите граѓани се во подеднаков ризик по сопственото здравје како и сите останати. Моменталната состојба  потсетува на фактот дека здравјето на секој граѓанин е од примарна важност. Иницијативата ТрансФорма има податоци за случаи во минатото, неповрзани со сегашната ситуација, кога трансродовите лица, поради стигматизација,  предрасуди и дискриминација заради својот изглед или своите документи, не добивале здравствени услуги кога им било најпотребно.

„Со оваа кампања, Иницијативата ТрансФорма се залага за достигнување на највисок можен степен на здравје на сите граѓани, и укажува дека здравствената заштита и здравствените права на транс лицата треба да бидат неприкосновено право како и за сите останати граѓани во нашето општество. Но, здравствената заштита за транс лицата останува сеуште огромен предизвик заради несоодветното постапување и непочитување на правата од страна на институциите на системот. Неможноста за промена на личните документи, значи и непристпаност до основни здравствени услуги, но Управата за водење на матичните книги, која е надлежна за промена на ознаката за пол во личните документи сеуште не ја спроведува одлуката на Европскиот суд во Стразбур и покрај многубројните реакции и барања“, се вели во нивното соопштение.

Минатата година во државава беше организиран првиот марш за поголема видливост и заштита на оваа заедница, кој беше организиран од Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, а оваа година поради вонредната состојба во државава, ќе мора да се одложи.

„Јас сум Х“, „Да се биде транс не е избор! Избор е да се биде трансфобичен“, „Идентитет не е тренд“, „Мојот род – мое право“, „Законот е во конфликт со мене“, беа дел од пораките кои трансродовите лица и поддржувачите ги порачаа на минатогодишниот марш.

Помина една година по позитивната пресуда во случајот „Х против Македонија“ од Стразбург, според која Македонија е обврзана да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите лица брза, брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот, државата сè уште го нема решено овој проблем.

„По овој случај државата треба да седне и во најбрза постапка да почне со подготвување на соодветно законско решение за правно признавање на родот. Во спротивно ситуацијата ќе биде онаква каква што беше и поради која што се доведовме пред Европскиот суд. Ќе има и други случаи кои ќе бидат оставени во таа лимбо ситуација, ќе бидат изложени на арбитрарните одлуки на чиновници, на административци и на управата, за кои постои можност повторно да ги прекршуваат правата и ќе треба да се ставаме во ситуации да ја даваме државата пред Европскиот суд што секако не и оди во полза, особено не на држава која што моментално аспирира да биде членка на ЕУ“, изјави тогаш Славчо Димитров од Коалицијата Маргини.

ЦИВИЛ – Центар за слобода осудува секаков говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата и потсетува дека според член 7 од Универзалната декларација за човекови права сите се еднакви пред законот и имаат право на еднаква заштита.

текст и фотографии: Ангела Петровска 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ