• Latest
Фото: скриншот Влада на РСМ

Митева: Анализите за спојување на разузнавачките агенции се во напредна фаза

May 30, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Митева: Анализите за спојување на разузнавачките агенции се во напредна фаза

May 30, 2025 14:33
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Фото: скриншот Влада на РСМ

Фото: скриншот Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Анализите за спојување на разузнавачките агенции во една се во напредна фаза и штом ќе се створат услови јавноста ќе биде информирана, истакна денеска портпаролката на Владата  Марија Митева.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција појасни дека тоа се институции од исклучителна важност и времетраењето за таква реформа е подолго.

Прашана за коментарите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека отфрлањето на обвинението против директорот на АНБ Бојан Христовски од страна на обвинителството е политички притисок од ВМРО – ДПМНЕ, Митева рече дека одлуката е на судството и обвинителството составено од кадри кои тие ги поставиле.

– Колку и да се обидуваат да ги лиферуваат оние лажни вести, дезинформации, колку и да се обидуваат од секоја ситуација да направат политика, да зборуваат дека некој користел лажни сертификати, дека ги менувал, поправал тие сертификати итн, е вакво судство и обивнителство кое е составено од кадрите кои тие ги оставија неможат да ја сокрие вистината. Односно вистината денеска излегува на виделина, а тоа е дека не постојат лажни сертификати по однос на овие изнесени ставови од СДСМ кои континуирано имаа за цел да направат дискредитација на директорот на Агенцијата за национална безбедност, истакна Митева.

Во однос на излагањето на лидерот на опозициската СДСМ дека одговориле на повикот на премиерот во делот на лобирањето за извештајот на ЕУ за резолуцијата и дали тоа ќе биде последното барање до опозицијата пред да се отвори Уставот, со оглед на изнесениот став дека власта има нови барања, Митева посочи дека тоа не се барања кон опозицијата туку заеднички интерес за Македонија.

– Прво морам да прашам зошто ова се смета како барање кон опозицијата и зошто ова не го гледаме како заеднички интерес, кој пред се и над се ќе ја стави Македонија и спорот кој што го создадоа токму тие. Најверојатно ќе треба претседателот на СДСМ да одговори на тие прашања. Ова се барања, кои се однесуваат за доброто на Македонија, нешто што значи признавање на многу вековниот македонски идентитет и јазик и мислам дека тука не треба да го бараат како лично барање кон нив туку како обврска да направат се што можат доколку можат да лобираат и да дадат поддршка ова да биде изгласано. Ваквите изјави дека ова се некои барања кон нив само го потврдува фактот дека се обидуваат да наштетат на еден процес кој носи добро на сите граѓани, рече Митева.

Прашана за изборниот законик и  барањето на независните кандидати што е можно поскоро да се иницираат овие измени, Митева рече дека ќе се носи со консензус.

– Морам да потенцирам дека станува збор за Изборен законик. Ние како Влада немаме интенција да носиме работи кои се еднострани. Тој се носи секогаш со консензус и со дијалог. Да ќе ги разгледаме сите барања кои што беа поднесени и ќе бараме решение, изјави Митева. 

Фото: Скриншот Влада на РСМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ