• Latest

4 март: Поддршка од „Пријателите на проширувањето“, засилени безбедносни мерки за корона-вирусот, ЦИВИЛ со прес и панел за говорот на омразата…

March 4, 2020
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

4 март: Поддршка од „Пријателите на проширувањето“, засилени безбедносни мерки за корона-вирусот, ЦИВИЛ со прес и панел за говорот на омразата…

March 4, 2020 19:37
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: „Пријателите на проширувањето“: Го цениме спроведувањето на реформите, ЕУ должи одлука за прием

Министрите за надворешни работи  на Полска, Летонија, Литванија и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска се сретнаa со шефот на дипломатијата Никола Димитров, при што истакнаа дека ја поддржуваат Република Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович на заедничката прес-конференција истакна дека ги ценат напорите што ги преземаат македонските власти во спроведувањето на реформите.

– Се надевам дека ЕУ наскоро ќе почне преговори за членство на Северна Македонија и Албанија. Го цениме учеството на Северна Македонија во Берлинскиот процес минатата година. Полска претседаваше со овој процес чија цел е да даде поддршка на европската интеграција на земјите од овој регион, рече Чапутович.

Тој изрази надеж дека за неколку недели Република Северна Македонија ќе се приклучи кон НАТО.

– Обезбедувањето на членството во овие институции, ЕУ и НАТО е особено важно затоа нашите четири земји се подготвени да го споделат своето искуство во процесот на преговори со ЕУ, но и за тоа како да се справите со безбедносните ризици кои произлегуваат од други надворешни актери. Има една етичка димензија на членството на земјите од регионот во ЕУ. Сметаме дека ЕУ им должи на овие земји одлука да ги прими во ЕУ, тоа е долг кон општеството, кон граѓаните, но тука е и безбедносната димензија и има и други актери вон ЕУ кои се активни во регионот, па така одлука за почеток на преговори ќе го спречи негативното влијание, рече Чапутович.

Министерот Димитров информира дека Полска, Летонија, Литванија и Естонија се членки, дел од т.н. група „Пријатели на проширувањето“ и тука се за да ни дадат, како што рече, поддршка и јасен сигнал.

Министрите за надворешни работи од вчера се во посета на земјава, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“ и синоќа беа примени и од претседателот на државата Стево Пендаровски.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Имињата на училиштата во Чаир во изборна трка

Сменувањето на имињата на училиштата само еден месец пред парламентарни избори, е типична изборна манипулација и злоупотреба, со којашто, исто така, тешко дека ќе се добијат повеќе гласови. Особено не, ако таблите со имињата висат над главите на децата, како потсетник на партијата што ги злоупотребува…

БЛИЦ: Квалитетот на наставата и наставните кадри не се поправаат со промена на имињата на училиштата

Дијана Тахири: Квалитетот на наставата и наставните кадри тешко дека ќе се поправат со смената на имињата на училиштата, и тешко дека ќе се подобрат условите во кои учениците го поминуваат поголемиот дел од денот, 5 дена неделно.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО:

Заев: Првата предизборната коалиција меѓу македонска и албанска политичка партија е логично продолжување на сите досегашни политики и заложби за напуштање на концептот на поделби по етнички кампуси за сметка на создавање цврсти темели на новата политичка платформа на СДСМ за градење „едно општество за сите“.

*

Шефот на државата и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски при вчерашната посета на армиските припадници во Гевгелија, кои се ангажирани за обезбедување на граничната линија кон Грција, изјави дека досега нема никакво зголемување на бројот на мигранти на јужната граница, освен вообичаеното за овој период од годината.

*

Имаме одредена улога и мандат да ја следиме рутата на бегалците, но ангажирани сме затоа што од 2015, од големата криза, имаме кризна состојба на границата со Србија и Грција (Табановце и Винојуг). Вчера имавме главен штаб кој се состои од директорот на ЦУК и претставниците како што се МВР, МО, МНР, Транспорт и врски и Црвен крст. Во случај да има вонредна состојба тогаш се состанува Управувачкиот комитет. Тука членуваат пет министри и директорот, вели Агрон Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

*

По вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата во општина Чаир е во спротивност со законот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил напиша дека по консултации со правни тимови, промената на имињата е  согласност членот 26 од Законот за основно образование.

*

Генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на денешната прес-конференција истакна дека менувањето на имињата на неколку училишта во Општина Чаир е смешен чин.

„ Мислам дека е многу некоректно пред народот да се прават овие игри што ги направиле исто како што ги направија и со ВМРО-ДПМНЕ. Истата работа се повторува. Сметам дека треба да се занимаваат со инфраструктурата на училиштата.“, рече Таравари.

*

Пратеничката Фросина Ременски утринава беше во Државната комисија за спречување на корупција, за да како што изјави, се информира до каде е постапувањето по пријавите која таа ги поднела. Како што појасни, станува збор за противправното овозможување на пензија на Сиљан Аврамовски, за лабароторииите во МВР, како и за имотот на кој што живее поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

*

Последниот директор на згаснатата Управа за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски уште при поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија пријавил дека живее на имот за кој потпретседателката на Собранието Фросина Ременски вели дека е сопственост на адвокат на бизнисменот Орце Камчев.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, потврдува за „360 степени“ дека, по претставка на Ременски, е отворен предмет за Николовски, како и за заминувањето во пензија на поранешниот заменик-директор на УБК, Силјан Аврамовски – случај кој датира уште од 2014 година.

Филипче: Патниците на Визер ќе пополнуваат здравстве на локатор карта, за полесно лоцирање на евентуални заболени лица

*

Мицкоски со пакет мерки за квалитетно образование и силна култура, зголемен буџет за образование, повисоки плати за наставниците и професорите, нови театри…

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Прес конференција на ЦИВИЛ за наодите од долгорочниот мониторинг на изборниот процес

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција за наодите од долгорочниот мониторинг на изборниот процес, во четврток, 5 март, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот.

На прес конференцијата ќе бидат презентирани активностите и плановите за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, како и досегашните наоди од мониторингот.

Воедно, прес конференцијата ќе биде можност јавноста да биде запознаена со плановите на ЦИВИЛ, во пресрет на изборите да ја засили борбата против хибридните закани против демократијата. Дел од активностите се состои и во јавно обелоденување на лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата и други облици на црна пропаганда што ќе ги пријават набљудувачите на изборите и граѓанските новинар(к)и.

ЦИВИЛ ќе почне со подготовка на листа од медиуми, профили на социјалните мрежи и други ентитети што чие дејствување е насочено против добрите изборни практики, демократијата и етиката во јавниот простор во земјата.

Организаторите на прес конференцијата напоменуваат дека пресот ќе започне точно на време. Се замолуваат редакциите да ги испратат своите екипи на време.

Веднаш по прес конференцијата, во 12:30 часот, ќе започне панел дискусијата „Говорот на омразата: Состојби и решенија“

Трпевска, Сарачини и Андоновски ќе говорат на панелот на ЦИВИЛ за говорот на омразата

За состојбите, но и за решенијата на проблемите поврзани со деструктивниот потенцијал што го носи говорот на омразата, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Говор на омраза: Состојби и решенија“, ќе говорат Снежана Трпевска, Институт РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ организира панел дискусија „Говорот на омразата: Состојби и решенија“ утре (четврток), на 5 март, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот.

ЦИВИЛ како организација е позната по своите долгогодишна борба против говорот на омразата и другите форми на хибридните закани против демократијата.

Настанот е од отворен карактер. Поканети се медиумите и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, како и граѓанските организации, да споделат искуства и мислења во врска со оваа тема.

Проектот „Европа е наш дом“, во чии рамки се одржува панел дискусијата, е поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Во тек е повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ

Поради зголемување на обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им биде понуден ангажман во сферата на мониторингот и промоцијата на проектот „Европа е наш дом“ до крајот на јануари 2021 година.

Набљудувачите на ЦИВИЛ, како и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, секогаш имаат можност да станат дел од проектите на ЦИВИЛ, особено проектот „Граѓански објектив“.

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

СЛОБОДНА ЗОНА

Пацифисти и рокери, кои отворено ги одобруваат и поддржуваат оние, што ја смислуваат и водат војната против „северџГаните“, „шиптарите“, „циганите“, „муџите“ и сите поинакви од убер-Македонецот (и Вртев ги разочарал, оти никогаш и не го разбрале), кои реторички се бесат, убиваат, спружуваат, плукаат. А голем дел од нашиве рокери – молчи, одобрува, па дури и поддржува? – пишува Петрит Сарачини во Миднајт експрес  – „Рокенрол“.

Треба да се претпостави дека следуваат меѓуетничките „закачки“ по автобуси и во училишни дворови… Па повторно нови партиски соопштенија… Може и некоја посериозна тепачка да се организира, ако се извади некој дрвен крст или метален орел од специјализираните предизборни магацини за провокации… Е, тоа веќе заслужува патетични партиски прес-конференции за предавства и загрози… Па веднаш дузина дебатни емисии и расправии со познатите десетина ликови кои имаат за задача да ги засилат тензиите…пишува Сашо Орданоски во колумната „Исто сценарио, стоти пат“.

Дијана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ