За состојбите, но и за решенијата на проблемите поврзани со деструктивниот потенцијал што го носи говорот на омразата, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Говор на омраза: Состојби и решенија“, ќе говорат Снежана Трпевска, Институт РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ организира панел дискусија „Говорот на омразата: Состојби и решенија“ утре (четврток), на 5 март, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот.
ЦИВИЛ како организација е позната по своите долгогодишна борба против говорот на омразата и другите форми на хибридните закани против демократијата.
Настанот е од отворен карактер. Поканети се медиумите и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, како и граѓанските организации, да споделат искуства и мислења во врска со оваа тема.
Проектот „Европа е наш дом“, во чии рамки се одржува панел дискусијата, е поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ЦИВИЛ Тим за комуникации