• Latest

5 јуни низ вековите

June 5, 2018
Анџелина Џоли во посета на градот Херсон. Фото: Украинскиот медиум Мост

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

5 јуни низ вековите

June 5, 2018 06:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој заедно со Дејвид Рикард е најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Неговата теорија за поделбата на трудот во економската литература се смета за класична.

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар Џон Кауч Адамс, професор на Универзитетот во Кембриџ, кој во 1845 година, врз основа на неправилностите во движењето на Уран, прв го одредил движењето и приближната положба на дотогаш непознатата планета Нептун. Откритието не го пријавил благовремено, па славата за откривањето на Нептун во 1846 година му припаднала на францускиот астроном Ирбен Леверје.

1826.- Во Лондон умрел Карл Марија Вебер, германски композитор, творец на германската романтичарска опера. Компонирал и оркестарски композиции, камерна музика, кантати и друго. Роден бил во Ојтин, на 18 ноември 1786 година.

1827.- Турските сили го зазеле Акропол и влегле во Атина.

1873.- Под притисок на Британците, султанот Занзибер Саид бин Баргаш го затворил занзибарскиот пазар на робови.

1878.- Роден е мексиканскиот револуционер Франсиско Панчо Виља, кој го предводел селанското движење во Мексиканската револуција од 1910 до 1917 година. Бил убиен во 1923 година од страна на политичките противници во местото Идагло дел Парал, во мексиканската државава Чивава. Во 1966 година бил прогласен за мексикански национален јунак.

1883.- Роден е англискиот економист Џон Мајнард Кејнз, творец на таканаречената кејнжинска економија, за која е врзана целокупната современа макроекономија на Запад. Професор на Универзитетот во Кембриџ станал во 1908 година, а во 1912 стана уредник на највлијателното списание „Економски журнал“. Дела: „Расправа за парите“, „Ревизија на мировниот договор“, „Трактат за паричните реформи“, „Средства кон просперитет“.

1898.- Роден е шпанскиот писател, музичар и сликар Федерико Гарсија Лорка, еден од најголемите лиричари во 20 век. Дела: збирка песни „Цигански романсеро“, „Песни“, поемите „Канте Хондо“, „Плачот за Игнасио Санчес Мехијас“, драмите „Маријана Пинеда“, „Љубовта на Перлимплин“, „Крвава свадба“, „Јерма“, „Домот на Бернард Алба“. Загинал на 19 август 1936 година, кога поради неговите напредни идеи, франкистите го стрелале во околината на Гранада.

1928.- Роден е англискиот филмски и театарски режисер Тони Ричардсон. Дела: „Забавувач“, „Светилиште“, „Вкусот на медот“, „Осаменоста на тркачот на долги патеки“, „Том Џонс“ (Оскар), „Госпоѓица“, „Морнарот од Гибралтар“, „Јуриш на лесната коњаница“, „Хамлет“, „Нед Кели“.

1944.- Кај селото Кушкулија, Струмичко, како заменик-командант на Вториот баталјон на Третата македонска НОУ бригада, учествувајќи во борбите против бугарскиот окупатор, загинал Панче Пешев, македонски композитор и хороводител. Покрај другото, автор е на најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“, за кој стиховите ги напишал писателот Ацо Шопов, борец во истата бригада. Роден бил во Велес, во 1915 година.

1945.- Четирите сојузнички сили (СССР, САД, Велика Британија и Франција) ја презеле врховната управа над Германија и, притоа, во Германија биле создадени четири окупациони зони и формиран сојузнички контролен совет.

1947.- Државниот секретар на САД Џорџ Маршал го соопштил планот за финансиска помош на Европа која била разорана во Втората светска војна. Со „Маршаловиот план“ биле опфатени 16 земји, а вкупната помош од 1948 до 1952 година изнесувала 15 милијарди долари, од кои најмногу средства биле издвоени за Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Австрија и Турција. Овој план одиграл и политичико-воена улога бидејќи станал еден од битните елементи на НАТО-пактот, основан во 1949 година.

1967.- Почнала израелската вооружена агресија врз Египет, Сирија и Јордан. Овој, трет по ред, израелско-арапски судир траел шест дена.

1975.- Суетскиот канал повторно бил отворен за меѓународен сообраќај, освен за Израел, по израелско-арапската војна во 1967 година.

2000.- Американскиот претседател Бил Клинтон како прв лидер на една од значајните западни земји се обратил пред пратениците на руската државна Дума (Собрание).

2004.- Умрел американскиот државник Роналд Реган, претседател на САД од 1981 до 1989 година, кој во младоста бил филмски актер. Како 40-ти американски претседател значително придонесол за ставање крај на ерата на студената војна со Советскиот Сојуз.

2005.- Швајцарските граѓани на два референдума го прифатиле пристапувањето кон шенгенскиот договор со кој практично се укинати границите меѓу земјите-членки на Европската унија и се обезбедил слободен проток на луѓето и стоката. Тогаш бил поддржан и предлог-законот за „регистрирано партнерство“ на хомосексуалните парови.

2008.- Уставниот суд одбил да ја укине забраната за носење исламски шамии на универзитет. Законските реформи кои во собранието ги протуркала исламистичката Партија за правда и развој (АКП) се уставни – бил ставот на Уставниот суд на Турција. За одлуката гласале девет судии, а двајца биле против. Секуларните структури во таа земја сметале дека владината одлука да се дозволи носење шамии на универзитетите е доказ за тоа дека АКП сака во Турција да воведе шаријатски закони.

(МИА)

Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ