• Latest

5 март: Говор на омраза, членови на ВМРО ДПМНЕ ù донирале на партијата без да знаат…

March 5, 2020
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

5 март: Говор на омраза, членови на ВМРО ДПМНЕ ù донирале на партијата без да знаат…

March 5, 2020 19:38
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Говорот на омразата е оркестриран, еден од заклучоците на панел дискусијата на ЦИВИЛ за говорот на омразата

За состојбите, но и за решенијата на проблемите поврзани со деструктивниот потенцијал што го носи  говорот на омразата, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Говор на омраза: Состојби и решенија“ денеска говореа Снежана Трпевска, Институт РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка. Модератор на панел дискусијата беше Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Говорот на омраза функционира оркестрирано, баш како во Орвеловата „1984“ – некој ако го стисне копчето „сега ги мразиме овие“, тоа се случува. Буквално како кај Орвел, рече Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Говорот на омраза: состојби и решенија“.
„Тоа можам да го забележам деновиве во односот на партиските војски кај албанските партии, со промена на коалициите. За еден миг имате луѓе кои до вчера се фалеле меѓу себе, а сега се плукаат. Тоа ви кажува дека тоа не е состојба во која човекот рационално размислува што пишува, туку само пренесува некој наратив. Мислам дека тоа е полусвесна состојба“, вели Сарачини. 
Тој смета дека говорот на омраза е реакција поттикната од „структури блиски до партиите, до криминални групи, кои го притискаат копчето за страв“, а за тоа ги користат предубедувањата кои знаат дека ги имаме поради опкружувањето во кое живееме, поради степенот на образование…
„Говорот на омраза е само стравот кој што излегува од еден уплашен човек.“, смета Сарачини.
Тој оценува дека неказнивоста е клучна за опстојувањето на говорот на омраза.
„Имаме законодавство, во Кривичниот законик имаме неколку членови кои го санкционираат, но што имаме во праксата? Немаме случај во кој е осуден говор на омраза, освен една првостепена пресуда за пожарите во Грција. А имаме една историја, секојдневна, на такви примери“, вели тој.
Освен неказнивоста на говорот на омраза и поттикнувањето на омразата, која што доаѓа од политичките структури, тука се и лажните вести кои ви велат дека нешто што не е така, е така, оценува Сарачини. 

Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, на панелот на ЦИВИЛ „Говорот на омразата: состојби и решенија“ зборуваше за причините за појавите на говорот на омразата во медиумите и надвор од нив.

„Зошто сега се соочуваме се уште со тоа со што се соочуваме, иако веќе три децении зборуваме за тоа дека медиумите треба да промовираат толеранција, а не говор на омраза,тоа е она што е битно за да ги откриеме корените на говорот на омразата“, смета Трпевска.

„Она што е проблем е дека говорот на омразата го посматраме повеќе изолирано од неговите општествени корени. За да дојде до говор на омраза значи дека има многу предрасуди. Во сферата на образованието не се адресираат овие прашања. Има обиди за предмети за медиумска писменост но тоа не е интегрирано во целиот образовен систем. Ние имаме проблем со ерозијата на општествените вредности интегрално. Имаме проблем со насилство во училиштата, од каде доаѓа тоа насилство Состојбите на социјалните мрежи се рефлексија на проблемите во нашето општество. Ние имаме систем и институции, но недостасува соработка меѓу институциите“, заклучува Трпевска.

Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка, рече дека говорот на омраза не е ништо друго освен креирање и одржување на атмосфера на страв. Страв кон различни групи, кои во одредени контексти ним (на политичките партии) им требаат за целото незадоволство од себе да го пренасочат кон други.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Oбразовна политичка кампања

Политичките партии почнаа со предизборните ветувања, односно со претставување на своите политички програми. Ветуваат правда, зголемување на платите и пензиите, укинување на патни трошоци и – изградба на патишта.

БЛИЦ: Што (може да) значи средбата Касами – Рикер?

Џабир Дерала: По овие срдечни средби на толку високо ниво, некои „зли“ јазици ова го прокоментираа како конечно губење на „американското тло“ под нозете на Али Ахмети.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Прес на ЦИВИЛ: Говорот на омразата едно од главните оружја на предизборната кампања

ЦИВИЛ денеска на прес конференција ги изнесе досегашните наоди од долгорочниот мониторинг на предвремените парламентарни избори. Се работи за комплесен мониториг, со најнови методологии кои се компатибилни на набљудувањето на домашните и странските мисии.

Закани и притисоци, говор на омраза, лажни вести, дезинформации, злоупотреба на службената положба и јавните ресурси и проблеми со Избирачкиот список, бележи ЦИВИЛ во долгорочниот мониторинг на предвремените парламентарни избори.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Шест членови на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска сведочеа во Кривичниот суд за предметот „Титаник“ кој се води за изборни нерегуларности и незаконско финансирање на предизборна кампања. Сите шестмина прашани од обвинителката Лиле Стефановска изјавија дека не знаеле дека во нивно име е уплатена сума од 60.000 денари на партијата ВМРО-ДПМНЕ како донација и дека за тоа дознале на изјавата во СЈО кога им биле посочени уплатници.

*

Премиерот Оливер Спасовски се сретна со делегација на Националниот совет на Република Австрија, предводена од претседателот на Советот, Волфганг Соботка. На средбата, како што информира владината прес-служба, е соопштено дека продолжува јасната поддршка од Република Австрија за европерспективите на нашата држава и за отворањето на преговорите со ЕУ.

-Изразени се честитки за патот што го изоде Република Северна Македонија во реформскиот процес и во добрососедските односи. Констатирано е дека Договорот од Преспа е пример за решавањето чувствителни билатерални прашања и во целиот регион. Посебно е посочен како важен чекор за напредокот, донесениот Закон за јавно обвинителство, се вели во соопштението од Владата.

*

Негативни се тестовите за корона вирус на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

По пријава на хотелот во кој престојувале, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Скопје од пациентите земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба, каде тие останаа до добивањето на резултатите. Попладнево ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата.

*

Во наредниот период ќе има нови електронски услуги за граѓаните од институциите преку Националниот портал, за издавање лични документи од Министерството за внатрешни работи,  документи од Управата за водење матичните книги (УВМК), упис на деца во градинка и училиште. Следен чекор ќе биде автоматска размена на податоци меѓу институции. Поради сите овие процеси некаде ќе има вишок вработени во администрацијата, а некаде не, вели ресорниот министер Дамјан Манчевски.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Проектот „Европа е наш дом“, во чии рамки се одржува панел дискусијата, е поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Во тек е повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ

Поради зголемување на обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им биде понуден ангажман во сферата на мониторингот и промоцијата на проектот „Европа е наш дом“ до крајот на јануари 2021 година.

Набљудувачите на ЦИВИЛ, како и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, секогаш имаат можност да станат дел од проектите на ЦИВИЛ, особено проектот „Граѓански објектив“.

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во својата колумна „Јавниот интерес и рекетарската фабрикација“, пишува: Опозицијата (и нејзиниот истакнат финансиер, кој наводно бил рекетиран, а е самиот обвинет за тешки кривични дела во друга постапка) вложи многу изборни надежи во аферата „Рекет“. Тие политикантски инвестиции сè уште траат (се палат и билборди на таа тема деновиве!), иако амбициозната суштина на самиот скандал, наспроти нивните намери, им се „стопија“ како коцка мраз на пролетно сонце.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ