• Latest

Oбразовна политичка кампања

March 5, 2020
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Oбразовна политичка кампања

March 5, 2020 17:26
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии почнаа со предизборните ветувања, односно со претставување на своите политички програми. Ветуваат правда, зголемување на платите и пензиите и – изградба на патишта.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека по формирање на новата влада ќе се укинат патните трошоци за пратениците во Собранието.

„Ќе ги укинеме патните трошоци за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. За да го слушнеме гласот на граѓаните во заедничката борба против криминалот и корупцијата ќе има награди за сите чија пријава ќе биде основана за отворање на предмет. Дополнително ќе воведеме електронско следење на предметите кои произлегуваат од претставки за корупција“, рече Заев.

Тој нагласи и дека со новата влада судиите кои намерно ќе застарат предмети, како што има случаи во Врховниот суд, но и во други судови во државава, по автоматизам ќе бидат разрешени.

Заев потсети на мотото „Правда за сите“, кое беше еден од главните слогани со кои СДСМ излезе на изборите во 2016 година.

Најави дека судските предмети ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, ќе се вклучи аларм, како што рече Заев, и тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам, а Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача тоа само да го констатираат.

„Започнуваме со детална проверка на имотнатата состојба на судиите и јавните обвинители. Следува проверка на 5 отсто од сите судските пресуди во последните пет години, по случаен избор“, истакна лидерот на СДСМ и додаде дека како политичка партија и како политички концепт не отстапуваат милиметар од целта  – правна држава, ред, правда и дисциплина.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека иновативноста и вложувањето во образованието и културата се сегменти кои што треба да се мотор на прогресивноста во државата.

„Затоа пред граѓаните се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија. Со овој проект ќе се овозможат пристојни услови за работа, односно следење на настава во подобри услови.

Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува исто така да донесе поголеми плати за универзитетскиот наставен кадар, односно ќе се воспостави методологија која ќе обезбеди зголемување на примањата. Ќе се обезбеди плата до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, во својот пост на Фејсбук за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, припадник на ОНА кој загина во војната во 2001 година, констатира дека „на крајот, народот и правдата, секогаш извојуваат победа“.

Груби пишува дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.

„Мајка ми, учителка, беше дел од училиштето уште од првиот ден од основањето, заедно со тетка ми, сопругот на тетка ми, кој веќе е починат и беше првиот од албанските учители што го избркаа заедно со многу други.

Колку ѓаволски креативни причини се измислуваа за да ги избркаат од работа,

Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!“, напиша Груби.

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, оствари работна средба со помошниот државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер.

За средбата во Стејт Департментот, Касами објави на својот официјален Фејсбук профил.

„Северна Македонија на вистинскиот пат, Коалицијата БЕСА-СДСМ гарантираат за евроатлантската ориентација на земјата!“, напиша тој.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ