• Latest

6 април, вонредна состојба, ден 19: Ригорозни мерки, Владата апелира – сите да бидеме поодговорни…

April 6, 2020
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

6 април, вонредна состојба, ден 19: Ригорозни мерки, Владата апелира – сите да бидеме поодговорни…

April 6, 2020 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ВЛАДАТА СО НОВИ УШТЕ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ

Се продолжува траењето на полицискиот час, затоа што пандемијата влегува во критичната фаза, а Владата апелира сите одговорно да се однесуваат. Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на државата.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ – СПАСОВСКИ: Треба да бидеме искрени, ние го немаме поминато најлошото…

„Најавивме дека ќе влеземе во фаза кога бројот на заразени ќе прогресира. Голем дел ќе минат со лесни симптоми. За жал некои ја изгубија битката, и, за жал, други наши сограѓани ќе ја изгубат битката. Тоа се тешки моменти за секого но за жал неизбежни во ситуацијата во која се наоѓаме. Сите би сакале да знаеме кога сето ова ќе заврши, но никој нема одговор“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој додаде дека ова е нова, радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, како и заштитата на здравствените работници, но и за индивидуалното и колективното здравје.

„Секој од нас мора да даде максимален придонес во оваа критична фаза. Да ја поминеме со најмалку можни штети. Само заедно можеме да ја намалиме офанзивата. Треба да бидеме чесни и искрени. Ние како земја го немаме поминато најлошото. Наредните 2-3 недели ќе го достигнеме пикот кој најверојатно ќе биде меѓу 2.000 и 2.500 потврдени случаи. Заканата е страшна и радикална. Затоа и нашето однесување мора да биде радикално и многу поразлично од тоа што е сега“, изјави Спасовски.

Тој упати апел да не се создаваат лажни вести и дезинформации тие создаваат паника и имаат последици врз колективното здравје на граѓаните.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 19

Три лица починаа од корона вирус на Клиниката за инфективни болести, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за пациент на 40 години од Кочани, кој бил примен на 29 март без познати заболувања, потоа 69-годишен пациент од Тетово со тумор на мозок и пациент од Тетово на 65 години без познати минати заболувања. Вкупниот број на починати во земјава стигна до 21.

*

Во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи, со што во земјава бројот на регистрирани заболени стигна до 570.

*

Од Инфективната клиника денеска се испуштени четворица пациенти кои имаат два последователни негативни тестови. Истовремено, тројца пациенти од Дебар кои беа на домашно лекување се со исто така негативни тестови.

*

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово на скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто кој во рамките на посетата донесе заштитна опрема за борба против КОВИД-19, како помош за нашата земја. Сијарто допатува во Скопје со специјален воен карго авион директно од Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

*

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека земјава побарала помош и поддршка за справувањето со ширењето на коронавирусот од повеќе земји, за што разговарал и со свои колеги, како и преку механизмите на НАТО и ЕУ. На некои од барањата, рече, веќе е позитивно одговорено,  а на некои се чека одговор.

*

Владата на САД намени 1,1 милион долари за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19 во Северна Македонија. САД преку Американската агенција за меѓународен развој (УСИАД) ги обезбедуваат овие фондови до Светската здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ за имплементирање на активности за поддршка на напорите на властите за справување со Ковид-19.

*

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и притоа не се констатирани никакви недостатоци.

Вонредниот надзор ДЗСИ го направил во согласност со заклучоците на Главниот координативен кризен штаб за почитување и примена на протоколите и препораките за употреба на лична заштитна опрема (ЛЗО) од страна на здравствените работници при укажување здравствени услуги согласно нивоата на здравствена заштита и ризикот од  КОВИД-19, а со цел спречување на ширење на инфекцијата.

*

Владата денеска го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Нашето зачленување во НАТО е еден од трите најважни моменти во поновата историја, од нашата независност до денес, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во претходно снимено видео обраќање емитувано денеска на онлајн дискусија на тема „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“.

„НАТО е предуслов за развој. Ако имате гарантирани граници, безбедност и територијален интегритет, во секоја друга област можете да напредувате бидејќи ги имате сите други предуслови“, порача Пендаровски.

*

И честитам на Северна Македонија што минатата недела доби согласност за започнување на преговорите со ЕУ и што станавте 30-та членка на НАТО. Ние во Европскиот совет ќе се обидеме да издејствуваме најдоцна до мај да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со самите преговори. Ние многу добро знаеме колку е важно на Западниот Балкан да владее мир и меѓусебна соработка и овие работи не приближуваат кон тоа, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Скопје, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

*

Македонските граѓани минатата година потрошиле 169,2 милиони евра на онлајн купување што претставува пораст од 26,5 проценти во споредба со 2018 година, објави денеска Асоцијацијата за е-трговија повикувајќи се на статистичките податоци на Народната банка за безготовински платежни трансакции на виртуелни места на продажба.

Според овие податоци, во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8 проценти.

СЛОБОДНА ЗОНА

„ Ако политичката нервоза, што почнува да ја манифестира опозицијата, расте побрзо од ескалацијата на последиците од заразата во Македонија во април, ќе треба да се соочиме со нешто што може да прерасне во хистерија, а тоа не е добро за целото општество“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Баталете политикантство, дајте поддршка!

*

Фиктивни, но не и невозможни настани со постоечки ликови чие однесување е добро познато во денешниот Рафал на Џабир Дерала – Пандемија

*

„ Само во Македонија е можно и за неработа да се прима плата на неопределено време“, пишува Џавдет Хајредини во своите Поенти.

*

Колку се заштитени пензионерите со мерката слободно движење од 05 до 11 часот? – повеќе во коментарот на Дијана Тахири

Маја Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ