поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Само во Македонија е можно и за неработа да се прима плата на неопределено време.
Без потреба почнаа кавгите за тоа кој ќе ги води преговорите со ЕУ, кога од изјавите на Османи знаеме дека една третина од процесот е завршен и дека Македонија веќе се наоѓа пред Србија и Црна Гора. Османи сигурно ги има предвид и реформите кои ДУИ и ВМРО ги направија за време на заедничката власт.
*
ТЕЛЕКОМ нѐ повикува нашите сметки да ги плаќаме онлајн од дома, а не ни кажува на кој начин и на кои наши корумпирани политичари, од нашите пари, за да го користат монополот на пазарот, им плаќале повеќемилионски суми мито. Сега, и од нив се очекува од профитот и од високите плати на нивните директори да помогнат во кризата од корона вирусот.
*
Како што некогашните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ на македонските политичари им давале милионски суми мито, ред е сега, сегашните да даваат неколку милиони како помош на засегнатите од пандемијата.