Во руските напади низ украинските региони изминатиот ден загинаа најмалку шест цивили, а повредени се најмалку 17, вклучително и едно дете, објавија регионалните власти на 15 април, пренесува Кијив Индипендент.
Московските сили секојдневно ги напаѓаат украинските градови и села, нанесувајќи цивилни жртви и оштетувања на инфраструктурата со беспилотни летала, проектили, артилерија и воздушни бомби.
Седумдесет и осумгодишна жена е повредена за време на напади со руски беспилотни летала врз областа Никопол во Днипропетровската област, објави гувернерот Серхи Лисак.
Во Доецката област, според гувернерот Вадим Филашкин, едно лице загинало, а друго е повредено во руските напади врз Покровск. Вкупно три повреди се пријавени во Степанивка, Лиман и Красни Лиман.
Четири лица загинаа, а тројца се повредени во руските напади низ Харкивската област, изјави регионалниот гувернер Олех Синијехубов.
Во Херсонската област осум лица се повредени, меѓу кои и едно дете, изјави гувернерот Олександр Прокудин. Оштетени се три висококатници и 21 куќа.
Еден цивил е повреден за време на руските напади врз заедницата Миропилија во Сумиската област, објави регионалната воена администрација.
Еден 63-годишен маж е убиен за време на руски напад врз областа Запарижја, изјави гувернерот Иван Федоров.
Нападите се случија кога Русија продолжува да го отфрла предлогот со посредство на САД за целосен 30-дневен прекин на огнот. Кијив повтори дека ќе биде подготвен да го прифати примирјето доколку Москва се согласи да ги почитува условите.
М. Д.