• Latest
Амбасадорката на Украина и тимот на Амбасадата со знамињата на Украина и Кримските Татари

 80 годишнина од депортацијата на Кримските Татари, компонента на руската политика на колонизација и злосторство против човештвото

August 9, 2024

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

 80 годишнина од депортацијата на Кримските Татари, компонента на руската политика на колонизација и злосторство против човештвото

August 9, 2024 11:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Амбасадорката на Украина и тимот на Амбасадата со знамињата на Украина и Кримските Татари

Амбасадорката на Украина и тимот на Амбасадата со знамињата на Украина и Кримските Татари

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија специјално за ЦИВИЛ Медиа

Во 2024 година, помина 80-тата годишнина од депортацијата на Кримските Татари од територијата на Кримскиот полуостров од страна на советскиот тоталитарен режим во 1944 година.

Депортацијата на кримско-татарскиот народ – главно деца, жени и постари лица – од страна на советскиот тоталитарен режим беше кулминација на руската колонијална политика насочена кон детатаризација на Крим. За време на воените дејствија, додека мажите беа на фронтот, советските власти подмолно ги протеруваа децата, жените и старците од нивните домови и ги испраќаа во егзил, пат кој за многумина беше последен.

Резолуцијата на Државниот Комитет за Одбрана од 11 мај 1944 година, потпишана лично од Сталин, стави крај на процесот на присилно раселување на домородното население од сопствената земја, што започна веднаш по анексијата на Крим од страна на Руската империја во 1783 година.

Според резолуцијата, депортацијата требаше да биде завршена до 1 јуни 1944 година, но советскиот репресивен апарат повторно ја искористи за „повторно исполнување на планот“. Советскиот режим ја извршуваше депортацијата користејќи значителен број репресивни тела, со вклучување на 23 илјади војници и офицери на Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД), 9 илјади оперативци на НКВД и Народниот комесаријат за државна безбедност, 100 автомобили, 250 камиони, 67 ешалони. Веќе во 8 часот наутро на 18 мај, 90 илјади Кримски Татари беа натоварени во 25 ешалони, кои се состоеја од товарни вагони. 48.400 Кримски Татари во 17 ешалони веќе беа депортирани во Узбекистан. На 19 мај, уште 165.515 Кримски Татари беа депортирани во товарни вагони. На крајот, таквото темпо им овозможи на џелатите веќе на 20 мај да пријават во Москва за „чистењето“ на Крим од Кримските Татари.

Во мугрите на 18 мај, а во некои населени места ден претходно, на 17 мај, започна депортацијата на Кримските Татари. Вклучениот персонал се истакнуваше со бруталност: операцијата беше спроведена со употреба на насилство. На Кримските Татари во повеќето случаи не им беше објаснето што се случува, каде точно ги носат, а за собирање на личните работи  им беа дадени не повеќе од 15 минути. Така, Кримските Татари ги напуштија своите домови неподготвени за долго и исцрпувачко патување, а да не зборуваме за населување во туѓина.

Времетраењето на убиственото патување на депортираните лица до местата на специјалните населби во товарни вагони траеше во просек 2-3 недели. По пат, во тесни вагони, без храна, вода и медицинска нега, од глад и болести загинаа 7.000-7.900 Кримски Татари.

По завршувањето на Втората светска војна, Кримските Татари, војниците и офицерите на советската армија беа испратени во места на депортација или работни логори, вкупно – тоа се речиси 9 илјади кримско-татарски војници и офицери.

Депортацијата на кримско-татарскиот народ од страна на советскиот тоталитарен режим е геноцид. Беа извршени намерни убиства, нанесени тешки телесни повреди, намерно се создаваа услови за живот насочени кон физичко уништување на Кримските Татари. Во Канада, Латвија и Литванија, депортацијата е признаена како геноцид на кримскоо-татарскиот народ. Украина работи на понатамошно признавање на геноцидот од други земји.

Комунистичкиот режим на СССР, а подоцна и Русија, со децении намерно го ширеа митот за Кримските Татари во врска со „предавство“. И денес, земјата окупатор го користи овој наратив за да го шири јазикот на непријателството, угнетувањето и раздорот во окупираниот Крим.

РФ ја продолжува политиката на угнетување на Кримските Татари, имено: намерно ги крши правата на домородното население на Украина, врши нелегална регрутација, го уништува културното наследство, ја фалсификува историјата, го милитаризира образованието и јавниот живот.

РФ го негира геноцидот на Кримските Татари во 1944 година и не презема одговорност за сталинистичките репресии и депортации.

Руската империја и нејзините наследници – Советскиот Сојуз и РФ намерно извршија присилни и полуприсилни иселувања на Кримските Татари од моментот на заземање на територијата на Кримскиот Полуостров во XVIII век, бришејќи ја и препишувајќи ја историјата на домородниот народ на Украина, бидејќи историското наследство на Кримските Татари и самото нивно присуство на полуостровот носеа закана за потврдување на измислениот мит „за исконската припадност на Крим кон Русија“, сметаше во политиката на руска колонизација на Крим.

Од окупацијата на АР Крим и градот Севастопол во 2014 година, РФ намерно спроведува репресија против кримско-татарскиот народ, продолжувајќи со злосторствата на тоталитарниот советски режим и Руската империја.

Украинскиот народ, кој претрпе прогон и репресија, а исто така стана жртва на советскиот геноцид Гладоморот од 1932-1933 година, целосно ја разбира и ја споделува болката на депортацијата – геноцидот на кримско-татарскиот народ е заедничка трагедија, трагедијата на украинскиот народ. Украина работи на тоа геноцидот на кримско-татарскиот народ да биде признаен на меѓународно ниво, како и од другите народи кои страдаа од слични злосторства на тоталитарните режими.

80 години по депортацијата, РФ продолжува со тоталитарните, советски по природа, империјални традиции на поробување, спроведувајќи комплексна и систематска репресија на Кримските Татари, кои не се согласуваат со окупацијата на Кримскиот полуостров и го приближуваат ослободувањето на Крим.

РФ создава услови за „тивка депортација“ на Кримските Татари преку репресија, закани, спроведување на политиката на „руски мир“ и наративот за „света војна“ против Украина и Западот.

РФ донесе на Крим политички мотивиран прогон, насилни исчезнувања, убиства, лишување од слобода на говор и вероисповед, милитаризација на детството и продолжува со тоталитарните традиции на репресија на Кримските Татари.

Директните потомци на традициите и методите на НКВД, руските структури на моќ користејќи ги истите методи, на територијата на окупираниот Кримски полуостров создадоа средина на репресија, страв, насочени прекршувања на човековите права, домородните народи на Украина.

Сè додека злосторствата против човештвото и геноцидот на Кримските Татари не се оценaт соодветно, секогаш постои можност да се повтори страшната практика на уништување на националните заедници, што денес ја спроведува земјата окупатор.

Злосторството геноцид на Кримските Татари е компонента на руската политика на колонизација, злосторство против човештвото.

По привремената окупација на Крим, земјата агресор, исто како и советскиот тоталитарен режим пред 80 години, врши злосторство против меѓународното хуманитарно право – го менува населението на Крим. Намерно се поддржува и стимулира миграцијата на Русите во кримската украинска земја, татковината на Кримските Татари.

Во 2015 година, Украина го призна злосторството за присилна депортација како акт на геноцид на кримско-татарскиот народ, водејќи се од одредбите на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, осудувајќи ја политиката на тоталитарниот режим на угнетување на домородниот народ на Украина.

Форматот на Кримската платформа, иницирана од Украина, во која учествуваат приближно 100 држави, е основата за деокупација на Автономната Република Крим и градот Севастопол од државата агресор рф.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: депортација на кимските Татарипривремено окупираниот Крим
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ