• Latest

81-ва годишнина од победата над нацизмот: сеќавање, одговорност и современи предизвици

May 8, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ИСТОРИЈА

81-ва годишнина од победата над нацизмот: сеќавање, одговорност и современи предизвици

May 8, 2026 15:16
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИСТОРИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

8 мај — 81-ва годишнина од победата над нацизмот и завршувањето на Втората светска војна во Европа. За Украинците, ова е Ден на сеќавање на милионите загинати, на трагедијата што го допре секое семејство и на лекциите од историјата кои денес повторно станаа болно актуелни.

За Украина, Втората светска војна не беше апстрактен геополитички настан, туку национална катастрофа. Украина беше еден од главните театри на воени дејствија. Фронтот двапати помина низ украинските земји — прво од запад кон исток, а потоа во спротивна насока. Украинските земји станаа место на масовни битки, окупација, масовен терор, депортации и уништување на цивилното население, како и на едно од најсилните движења на отпор за време на Втората светска војна.

За време на Втората светска војна, Украина загуби повеќе од 8 милиони луѓе, меѓу кои околу 5 милиони цивили и 3 милиони воени лица. Речиси 7 милиони Украинци беа мобилизирани во Црвената армија. Секој втор од нив загина, а многумина од оние што преживеаја се вратија дома осакатени. Во исто време, Украинците се бореа не само во советските сили. Стотици илјади Украинци се бореа во состав на армиите на Полска, САД, Канада, Франција, како и во востаничките движења.

Токму затоа, Украина категорично ги отфрла современите обиди на Русија да ја монополизира победата над нацизмот. Ниту една држава нема право да претендира на исклучителна улога во победата над нацизмот, која беше резултат на напорите на десетици држави и стотици народи. Особено цинични се обидите да се користи моралниот авторитет на победникот во Втората светска војна за оправдување на современата агресија и воените злосторства.

Крајот на Втората светска војна донесе мир, но не и слобода за многу народи од Централна и Источна Европа. Советскиот Сојуз воспостави контрола врз Украина, Балтичките држави, Полска и други земји. Еден тоталитарен режим едноставно го замени другиот.

Денес Кремљ ја претвори меморијата за Втората светска војна во инструмент на современа агресија и пропаганда. „Големата победа“ стана идеолошки култ што се користи за оправдување на војната против Украина.

Руската пропаганда се обидува да ја претстави сегашната војна како продолжение на борбата против нацизмот. Во руската паралелна реалност, Украинците се прогласуваат за „нацисти“, а Русите — за „ослободители“. Токму врз ова е изградена идеологијата на современата агресивна империјална доктрина на РФ, која го спојува култот на војната, реваншизмот и непочитувањето на меѓународното право.

Но реалноста е сосема поинаква. Руските војници, кои ќе маршираат на Црвениот плоштад на 9 мај 2026 година, немаат ништо заедничко со победата над нацизмот. Некои од нив можеби учествувале во масовни убиства на цивили во Буча, Ирпин, Изјум или Мариупол — места на најстрашните злосторства во Европа од времето на Втората светска војна.

И покрај огромните загуби и декларативните изјави за подготвеност за мировни преговори, Кремљ не покажува подготвеност да ја заврши војната. Русија го продолжува теророт и ги отфрла реалистичните повици за прекин на борбените дејствија. Симболично е што, прогласувајќи „примирје“ за 9 мај, РФ го отфрли предлогот на Украина за прекин на огнот во ноќта меѓу 5 и 6 мај, напаѓајќи повеќе украински региони.

Заклучно со мај 2026 година, целосната војна на Русија против Украина трае веќе подолго отколку војната меѓу СССР и нацистичка Германија во 1941–1945 година. Русија изгуби повеќе од 1 337 000 убиени и ранети и не постигна ниту една стратешка цел во Украина.

Затоа е важно да се зачува санкцискиот притисок врз државата-агресор РФ. Економските ограничувања остануваат еден од клучните инструменти што го прават продолжувањето на агресијата невозможно. Украина, исто така, очекува нови одлуки за воена поддршка и понатамошно зајакнување на меѓународната изолација на Кремљ.

Посебно принципиелно прашање останува одговорноста за кривичното дело агресија. Путин мора да се појави пред суд за кривичното дело агресија против Украина, а сите руски воени злосторници — да понесат одговорност за извршените злосторства. Нивното место е на обвинителната клупа, а не на „парадата на победата“.

Создавањето на Специјален трибунал за кривичното дело агресија против Украина — првиот меѓународен судски механизам од ваков ранг од времето на Нирнбершкиот процес — е темел на привлекување на одговорност на кремљовските злосторници. Веќе 25 држави потврдија подготвеност да се приклучат кон Проширениот делумен договор за формирање на Управниот комитет на Специјалниот трибунал за кривичното дело агресија против Украина.

Сеќавањето на Втората светска војна треба да биде предупредување против нови форми на тоталитаризам, а не инструмент на пропаганда. Одбележувањето на победата над нацизмот е сеќавање на жртвите на војната, а не приватизација на победата за современи освојувачки политички цели. Ова е ден на сеќавање, а не на триумф.

81-ва годишнина од победата над нацизмот не е само датум од минатото. Тоа е потсетување за одговорноста на современиот свет пред историјата. Украинците денес со оружје во рака ја бранат не само сопствената држава, туку и се борат за меѓународната безбедност. Украина плаќа исклучително висока цена за во Европа да не се врати ерата на диктатури, окупациajа и масовно насилство.

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

 


Фото извор: Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ