• Latest

Власта „остварува“: Панорамското тркало ќе се врти по секоја цена!

August 9, 2016
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Власта „остварува“: Панорамското тркало ќе се врти по секоја цена!

August 9, 2016 16:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Лицемерието на власта – нема крај! Додека првите луѓе на државните институции се фотографираат и парадираат пред камерите и даваат изјави за нивната загриженост и потресеност за загубените животи и за материјалните штети од невремето што го зафати Скопје пред три дена, и денеска не престанува израдбата на милионското Панорамско тркало на Вардар. И денеска, на градилиштето имаше работници и градежна механизација…

p. trkalo1

Иако уште минатата година имаше рационални предлози за пренаменување на 18-те милиони евра што ќе се потрошат за Тркалото – за многу поважни проекти во било која сфера, власта опстојува на идејата, која во една сиромашна и задолжена земја, најблаго речено, може да се наречена крајно неодговорна, па дури и налудничава. А во моменти кога Македонија жали за загинатите во невремето и кога се посилно се поставува прашањето на одговорноста на централно и на локално ниво, за жртвите и за штетите, продолжувањето на изградбата на Панорамското тркало (како уште еден непотребен кич-објект на Вардар, покрај корабите/галиите), е дегутантно непочитување на страдањата на скопјани и навреда за сите жртви на природната катастрофа и на човечката негрижа.

DSC_0004

На новинарски прашања конкретно не одговорија ни градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ни министерот Никола Тодоров, ни претседателот Ѓорѓе Иванов… Не најдоа за потребно да и соопштат на јавноста дали го прифаќаат предлогот – огромните средства предвидени за аздисаната идеја за Панорамско тркало да се пренаменат за санирање на штетите од поплавите. Одговорите дека сега не е момент да се разговара за тоа, бидејќи требало најпрвин да им се помогне на настраданите, е во духот на досегашното однесување на власта која цела деценија одбива соочување со јавноста и поднесување очет и одговорност.
trkalo2

Токму сега е крајно време, наместо досегашното, неодговорно расфрлување на парите на граѓаните,  власта да покаже слух за солидарност кон настраданите граѓани на Градот на солидарноста.

Дехран Муратов

Tags: лицемерие на властаПанорамско тркалосолидарност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ