• Latest

Езџан Алиоски и Жика Крстевски

June 14, 2019

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Езџан Алиоски и Жика Крстевски

June 14, 2019 17:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На Езџан Алиоски од Црнилиште Прилепско, не му било дозволено да руча со својата фамилија во Ресторан Ла Страда во градот на Крали Марко. Тоа е. И плав да си и со сини очи како Езџан Алиоски, и футбалски репрезантивец на Македонија, и интернационален фудбалер за Англиски Лидс….се е тоа џабе, ништо тоа нема да ти помогне.

Агрон Биба

Ти ќе останеш клет шиптар кој автоматски е Црната Арапина во Прилепа Града, и секој тврдокорен прилепчанец има право да го тренира буздоганот на Краљевиќ Марко, (овојпат за среќа, само вербалниот буздоган), кој некогаш боли и пече повеќе од вистинскиот. Јазикот коски нема, но коски крши. Имав и јас моја футбалска Ла Страда. Мојата прва љубов е футбалот. Навивав за Црвена Звезда, и одбивав да ги мешам спортот и политиката. Но се појави Аркан. Тој беше водач на моите колеги навивачи на Црвена Звезда, познати како Делије. Све што смо хтели, све што смо желели, то сун нам дали, црвено бјели, младичи борови, дјевојке јеле, боре се поштено, за црвено беле…..ехххххх…сум ја пеел, и ете сеуште не сум заборавил. Водачот на звездашите Делије, Аркан, формира парамилитарни единици ТИГРОВИ. Престанав да навивам за Црвена Звезда. Престанав да гледам футбал. Ја изгубив мојата прва љубов. Болеше. Многу.

• Студирав во Приштина. Една ноќ, во тогашна сеуште здрава и права Југославија, беше убиен еден албански учител кој имал четири деца. Место во студентската менза, се упативме во долгата колона која водеше до градските гробишта. Бевме во колона по четири. Колоната беше бескрајна. Сите бевме клети шиптари, кои бевме упатени да закопаме едне убиен клет шиптар. Иако и ние клетите шиптари имаме опашки, (како што запишал интелектуалецот Ипократ Владан Ѓорѓевиќ во својата книга Арнаутите и големите сили (1913)) и ние жалиме, тагуваме по нашите мртви. Поминавме покрај Гранд Хотел. Ги препознав моите колеги звездаши, беа облечени во воени униформи на Аркановите Тигрови. Ми беше срам дека некогаш сум навивал, сум бил окорели звездаш.

Езџан Алиоски беше во Прилеп и во Ла Страда. Мојот Прилеп беше во Тетово и мојата Ла Страда беше Ресторанот во Арабати Теќе. Беше 1987 година. Јас бев средношколец и футбалер на градскиот тим во Охрид. Бев единствениот Албанец во ФК Охрид. Во екипата играше и талентираниот Џенгиз, брз како ветер неколку години постар од мене. Арѓенд Калиќи беше веќе заминат да студира во Приштина, и со тоа, јас бев единствениот Клет Шиптар во ФК Охрид. Есенско коло во 1987 година. Игравме против Љуботен. Јас сеуште немав лекарско уверение, но бев поканет од раководството да патувам со нив, како награда за моето успешно вклопување во првата екипа од екипата на подмладокот со кои бев цели 6 години, на чело со единствениот школуван тренер во Охрид, Ацо Гаврилоски, кој беше и остана мојот фудбалски татко. Седев код оркестра, на задниот дел од автобусот. Ме викна на разговор, Жика, тренерот на голманите, секогаш насмеаниот шмекер, со секогаш средените густи бркој Жика Крстевски. Не сум знаел, но последните 3 години, тренерот Жика, бил мој главен футбалски обожавател.

ФК Охрид имаше фантастична екипа. Голман Данчо(иден репрезентативец-додуша тогаш, уште втор голман на Буџакоски), во одбрана Тричковски поранешен свипер на ФК Пелистер, Бакулески, Блаже Шекеровски, во нападот Нечевски, кој беше побрз од најбрзиот охридски бран во езерото. Имавме еден фантастичен везен играч, се што паметам дека се викаше Пере и дека сега ги дрибла кенгурите по Австралија…и некого заборавам, но да се вратам на разговорот со Жика Крстевски, одличен голман во свое време, тогашен тренер кој успеа да произведе еден Данчо Целески, репрезентативец на Македонија. Жика, ме седна наспроти него, и ми покажа една бајаги голема охридска пастрмка. Биба, ми рече. Ја гледаш пастрмкава? Ја носам ради тебе, ќе му ја поклонам на Заковски(тодашен тренер на младинскиот футбалски клуб Тетекс).

Набргу ќе се формира Младинска Футбалска репрезентација на Македонија и припремите ќе се одржуваат во Охрид и Струга, а ние, ФК Охрид и ФК Караорман ќе имаме право да испратиме по 3 до 4 наши футбалери. Ако е се во ред, планот е да се оди за Канада. Не можев да верувам, ми се насолзија очите. Тие реченици беа мојот футбалски детски сон. И се сеќавам дека Жика додаде- И Биба, те молам без некои екцеси таму, да не се истепаш со некого. Не реков, Жика, ако не ме чепне некој, јас никогаш прв не почнувам. Абе, слушаш ти, и да те чепнат и да не те чепнат, ќе си чутиш и ќе си трпиш, разбра? Добро Жика, ди давам збор, ќе трпам, и ќе мислам на тебе.

Подоцна во мојата футбалска Ла Страда, во Ресторанот Арабати Теќе, седев до Џенгиз, од лево беше чичко Пател, потоа Драган Крчовски(кондиционен тренер), Заковски па Жика па нашиот главен тренер Мишев. Јас и Џенгиз нарачавме телешко, (чичко Пател немаше проблем со свинското). Келнерот дојде малку покасно за нас, пошто другите имаа порции со свинско месо, кое е забрането за евреите и муслиманите, и извика ударнички наглас. Келнерот- – За кого телешко? Јас и Џенгиз, кренавме раце срамежливо. Заковски се обиде да направи тетовска смешка. Заковски- Што бе, и шиптари имате во екипа? Сигурен дека ние сме само пимпираклии и имаме препишана диета од некој лекар, инаку сме следбеници на Јордан Пиперката и на другите охридски војводи. Драган Крчо го стапна со нога, и му шепна дека детево наспроти е албанец. Јас видов, слушнав, но му имав обеќано на Жика дека ќе трпам навреди, и не реков ништо. После неколку минути, Жика му вели на Заковски- Жика- Зако, ова е детето за кое ти зборував за репрезентацијата, за припремите за Канада. Ти носам и една риба во негова чест. Заковски не рече ништо. Настана незгодна тишина. Жика повтори уште еднаш. Па уште еднаш. Три Пати се на све. Тогаш Заковски, тој фудбалски Зевс на нашата скромна маса во Арабати Теќе извика налутен. Заковски- Добро е Жика, добро е…те слушнав, нема потреба да се повторуваш. Јас станав од масата и излегов надвор. Се помолив пред еден гроб во теќето. Плачев врели фудбалски солзи.

Синоќа се сетив на овој настан, кога причитав што му се случило на Езџан Салиоски во Прилеп. Конечно разбрав дека јас не бев доволно талентиран за фудбал. Ме убеди Заковски од Тетово, каде што треба да ни помине летово. И кога ќе ни помине Летово, без разлика дали сме од Прилеп или од Тетово, Скопје или Шкупи…чекаме од Европската Унија да си ја одржи својата БЕСА.

Јас му дадов збор на Жика, дека ќе трпам, нема да кренам рака, но сигурен сум дека мојот мил драг тренер Жика Крстевски, ќе беше горд со мене, како ја издриблав оваа колумна, како се одбранав од нападот на гневот во мене кој се јави заради случајот Алиоски.

За крај, сакам да му се заблагодарам јавно на веќе починатиот Жика Крстевски, прекрасниот човек од Охрид.

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share141Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ