• Latest
Oil Refinery, Chemical & Petrochemical plant abstract at night.

Без реиндустријализација нема економски развој!

June 17, 2019

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Без реиндустријализација нема економски развој!

June 17, 2019 09:41
in СЛОБОДНА ЗОНА
Oil Refinery, Chemical & Petrochemical plant abstract at night.

Oil Refinery, Chemical & Petrochemical plant abstract at night.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Коста Стоименовски

Во времето на социјализмот во Република Македонија беа изградени голем број мега индустриски капацитети за кои не постојат ни суровински ни енергетски ресурси! По неуспехот на социјализмот, посткомунистичките земји пристапија кон транзиција насочена кон воспоставувње на парлментарна демократија, пазарно стопанство, слобода и права на човекот, слобода на изразувањето, слобода на медиумите и слични цивилизациски вредности. Иако целите беа исти не постоеше универзален модел за транзиција, така што секоја  посткомунистичка земја транзицијата ја вршеше согласно моделот кој што самата го дефинираше и спроведуваше. Централно место во транзицијата имаше приватизацијата на државниот, односно на општествениот капитал.

Посткомунистичките земји кои имаа државници со визија за иднината на државата и идните генерации не ги прифатија советите на неолибералите  приватизацијата да се направи по принципот на „шок терапија“, а се определија за тн. ваучерски систем, кој се покажа мошне успешен! Благодарејќи токму на ваквиот систем на приватизација, овие земји го спречија уништувањето на претпријатијата, отпушатњето на работниците и создавањето на огромни социјални разлики во општеството.

Транзицијата во Република Македонија, за жал, имаше катастрофални последици. Главен промотор на транзицијата во нашата држава беше еден голем „реформатор“, кој со неговите реформи направи „економски геноцид“ (опозицијата во Црна Гора) во државата. Се затворија голем број фабрики, огромен број работници останаа без работа, највредните ресурси и најрентабилните компании се распродадоа по багателни цени на странски  компании или на домашни личности, кои беа по мерак на власта! Се направи злосторство со уништувањето на голем број претпријатија кои работеа успешно, со цел задоволување на апетитите на некои безмерно алчни луѓе.

Општественото богатство кое беше создавано со децении отиде во рацете на мал број привилегирани, додека најголем дел од македонските граѓани беше енормно осиромашено! Кога виде дека „колата тргна низ брдо“, „реформаторот“ се обиде да ја негира сопствената  вина за колапсот на македонската економија, со тврдење дека согласно Уставот тој нема надлежности во економијата!?

Да нема недоразбирање, целосно сум свесен дека некои претпријатија не можеа да се прилагодат на условите што ги наметнуваше глобализацијата, но, во никој случај не смееше да се дозволи масовно уништување на македонските претпријатија! Во услови на глобализација, развиените земји своите фабрики ги преселуваа во неразвиените земји со цел остварување на поголем профит, но, за разлика од Македонија, истите не ги уништуваа! Откако согледаа дека погрешиле со извозот на производствените капацитети, и овие земји пристапија кон реиндустријализација со враќањето на извезените фабрики! Центарот на американската автомобилска индустрија Детроит, пред неколку години беше руиниран, мртов град, но сега по враќањето на американските автомобилски компании од странските земји во САД,  доживува препород!

Тешко би било во еден напис да се презентира програма за реиндустријализација, така што ќе се обидам да се осврнам само на неколку најважни теми. Реиндустријализацијата, односно можноста за обнова на некои од уништените индустриски капацитети би требало да биде предмет со кој сериозно би требало да се позанимаваат владата, стопанствениците и науката!

Реиндустријализацијата би требало да се насочи на финализација на ресурсите со кои располага нашата држава, почнувајќи од земјоделството, па се до металургијата и информатичката технологија.

Посебно внимание треба да се посвети на финализацијата на земјоделските производи. За остварување на оваа цел, Владата би требало да подготви конкретна програма! Во времето на транзицијата Полска изгради најмодерна прехранбена индустрија во ЕУ и, благодарејќи на ваквата определба, остварува импресивни резултати во извозот на храна! Не треба да се заборава дека, во поглед на прометот во светски рамки, храната се наоѓа на прво место, а фармацијата го зазема второто место!

Имајќи предвид дека  нашата држава располага со суровински ресурси за прпоизводство на стакло, ликвидацијата на скопската стаклара беше апсурдна! Обидот оваа фабрика да се насочи на производство на кристал, исто така, се покажа неуспешен,  бидејќи не можеше да се носи со конкуренцијата на светскиот пазар! Имајќи предвид дека финалините земјоделски производи бараат големи количини стаклена амбалажа, Стакларата требаше да се рестартира и да се насочи на производство на тегли, шишиња и слична амбалажа! Најавената инвестиција на турската компанија „Шише џам“ се изјалови.

Некој во оваа држава треба да даде одговор на прашањето зошто беше ликвидирана Фабриката за автомобилски делови „Руен“ од Кочани, која, во годините кога беше ликвидирана, извезуваше повеќе од 90% од своето производство!? Од ликвидацијата на оваа фабрика поминаа многу години, кадрите се подостарени, но добро би било да се направи обид за обновување на соработката со компаниите со кои фабриката соработуваше до нејзината ликвидација.

Производството на вино е расцепкано, постои голем број мали винарии, кои, поради познати причини, не можат самостојно да настапуваат на светскиот пазар. Треба да се направи програма за настап на нашите производители на вино на светскиот пазар со брендирано вино, кое континуирано би се нудело во големи количини, со стандарден квалитет и со кокурентни цени!

Република Македонија е позната како значаен производител на  олово и цинк, но, за жал, во неа не се произведуваат финални производи од овие метали. Порано во „Цинкарата“ во М. Каменица се произведуваа рондели за класични батерии, која е затворена, иако постоеја услови за нејзино нормално работење. Добро би било да се разгледа можноста за производство на алкални батерии за чие производство се користи цинков прав! Вакви батерии на светскиот пазар се продаваат во милијарди парчиња! Зошто се продаде Фабриката за акумулатори во Пробиштип? Пред околу 25 години разговарав со генералниот директор на „Мотоков“ од Прага, кој настапи со идеја за бартер аранжман на основа на кој Чесите би увезувале акумулатори кои би ги плаќале со трактори „Зетор“! Меѓутоа, овој предлог не беше прифатен, поради лични интереси на некои наши моќници!

Зошто и кој даде дозвола за ликвидација, поточно за продажба на странски партнери на фабриката за муниција „Сувенир“ во Самоков? Во услови на нестабилност во светот, доаѓа до рапидно зголемување на побарувачката за оружје и муниција! Србите и Хрватите ја обновуваат соработката во производството на наменската индустрија (оклопни транспортери, пушки, пиштоли и сл.). Во времето на СФРЈ, во наменското производство учествувала и фабриката МЗТ од Скопје. Треба да се направи обид за обнова на оваа соработка.

Нашата држава е познаата како прилично голем производител на квалитетен тутун, кој, за жал, се извезува како суровина! Порано РМ произведуваше и извезуваше цигари. Зошто не се вложат напори за обнова на производството на цигари, како и обиди, со помош на специјалисти од Куба, за производство на пури, кои се барани на светскиот пазар?  Во светот мошне популарен е машкиот парфем „Tobacco“, кој најверојатно се произведува на основа на тутун!? Добро би било да се разгледа можноста, со ангажирање на странски специјалисти, да се направи обид за производство на ваков парфем.

Текстилната индустрија има долга традиција во нашата држава, која ужива висок углед во развиените европски земји и во САД. Имајќи предвид дека оваа индустрија е високо трудоинтензивна, изложена е на голема конкуренција од земјите во развој во кои платите на работниците се мошне мали. Перспективите за развој на оваа индустрија би требало да се бараат во насочување на производството на брендирани производи. Тоа може да се постигне само со ангажирање на светски познати моделари и со школување на млади талентирани кадри во светски познатите центри на модата.

Во написов изнесов неколку конкретни идеи за обнова на индустриското производство, а списокот би требало да го комплетира Советот за реиндустријализација кој би требало да го формира владата. Имајќи предвид подготвеноста на Германија да назначи свој експерт кој би помогнал за забрзување на економскиот развој на нашата држава, добро би било да му се презентира список на ликвидирани претпријатија, со цел разгледување на можноста за нивното рестартирање. Германскиот експерт би можел ад се заложи кај европските банки (ЕБРД и ЕИБ) за помош во обновувањето на индустриското производство, како и за изградба на нови индустриски капацитети, кои би биле од интерес за двете земји.

Скопје, 2 мај 2019 година

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share81Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ