• Latest
Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

МОФ: Новиот Закон за високо образование ветуваше многу, а исполни малку

June 19, 2019
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МОФ: Новиот Закон за високо образование ветуваше многу, а исполни малку

June 19, 2019 10:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за високо образование што беше изгласан на 2 мај 2018 година им влеа надеж на академците и стручната јавност, но, како што велат од Младинскиот образновен форум, по една година пропуштени се сите рокови за формирање на нови тела предвидени во него, а не се знае кога ќе се изгласаат и новите легитимни студентски претставници.

„Така, новиот ЗВО предвидува формирање на Агенцијата за квалитет на високото образование, која треба да биде составена од одбор за евалуација и одбор за акредитација. Оваа Агенција беше голема надеж за конечно унапредување на квалитетот на нашето високо образование. Рокот за нејзино основање е 1 година од донесувањето на новиот ЗВО, но Агенцијата се уште не е основана, ниту пак одборите за евалуација и акредитација.

Притоа, треба да се напомене дека Одборот за акредитација е тело кое, меѓу другото, дава дозволи за формирање на високообразовни установи, како и нивно одземање. Одборот за евалуација, пак, го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на академскиот кадар на високообразовните установи и предлага на Одборот за акредитација да ја продолжи или одземе акредитацијата. Според тоа, во моментов во државата не постои тело кое го оценува и следи квалитетот на академскиот кадар на високообразовните установи и нивните студиски програми.

Дополнително, законот предвидува формирање Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, една година по негово стапување на сила. И ваков Совет се уште не е формиран, ниту пак има информации кога тоа ќе се случи.

Законот предвидува и посебен орган на Универзитетот, наречен Студентски правобранител, кој ќе се грижи за правата на студентите и ќе постапува по нивни претставки, како и по своја сопствена иницијатива. Ова, исто така не е исполнето, а студентите чии права се прекршуваат и понатаму немаат кому да се обратат за помош.

Истовремено, нема никакви најави кога ќе се случат изборите за студентски претставници на најголемиот и најстар македонски универзитет („Кирил и Методиј“), иако новиот ЗВО предвидуваше најдоцна во ноември, 2018 година. Згора на се’, и покрај тоа што законот предвидува рок од 6 месеци од негово стапување да се спроведуваат избори – тоа не се случи.

МОФ како младинска организација која постојано го следи статусот и состојбата на студентското организирање веруваше дека студентите најпосле ќе добијат свои претставници, па оттаму ќе можат директно да се вклучат во процесот на донесување на одлуки – во рамки на факултетот и на универзитетот на кој студираат. Законскиот текст гарантира сегменти од високото образование кои беа исклучително потребни во перидот коj претходеше на пишувањето на законскиот текст. Па така, во него се регулирани: студентското учество, агенцијата за квалитет на високото образование, студентскиот правобранител, карирерните центри на факултетите, национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, и други предвидени тела со соодветни рокови за имплементација и основање на истите.

Дел од задоцнетата имплементација на Законот се должи на одолговлекувањата во процесот на усвојување на Статутите на универзитетите во Собранието, како основач на државните универзитетите. Па така, не само што универзитетите немаат студентско учество и студентски правобранители, туку немаат ниту соодветни статути усвоени од Парламентот и покрај тоа што навремено ги направиле промените согласно новиот ЗВО.

Загрижува тоа што и покрај пропишаните преодни и завршни одредби, казни за непочитување и неимплементирање на законот, надлежните институции не наоѓаат за сходно да се бават со високото образование, кое за жал не оди во нагорна линија. Дополнително, во делот за прекршочни одредби од Законот за високото образование, предвиденa е глоба од 2.000 евра за правното лице, доколку, меѓу другото не формира центар за кариера и не распише избори за факултетско студентско собрание

Оттука, се поставува прашањето дали надлежните институции ќе бараат одговорност од универзитетите и факултетите за непочитување на законот и дали конечно квалитетот на високото образование ќе се вброи помеѓу приоритетите на нашите Влади?“, се вели во реакцијата на МОФ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ