• Latest
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025 19:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Share on FacebookShare on Twitter

Вашата земја навистина помина долг пат во евроинтеграциите. Основата ја имате, сега е време да ја надградите со обновена енергија, обединетост и посветеност. ЕУ останува со вас на секој чекор од патот и заедно ја споделуваме истата визија за иднина кадешто земјата ќе го заземе своето вистинско место во европското семејство, како силна, демократска и просперитетна членка, изјави евроамбасадорот, Михалис Рокас на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година.

Рокас, исто така, изрази уверува дека брзото проширување е приоритет и цел на Европската Унија, особено во тековниот геополитички контекст.

-Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, бидејќи сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент. ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста мора да остане ваша, порача Рокас.

Според евроамбасадорот, Извештајот доаѓа во многу важен момент за европскиот пат на земјава.

-Како што кажа и комесарката Марта Кос, се соочуваме со брзопроменлив геополитички пејсаж и само со обединување на Европа ќе можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет на нашиот континент. Ова е наша заедничка цел, изјави Рокас.

Извештајот, посочи тој, ги дава потребните препораки за земјата да се одржи цврсто на патот кон ЕУ.

-Сега е време да се искористи приликата да се забрзаат реформите и да се спроведуваат малку поодлучно. Споредно со минатогодишниот извештај, како што беше споменато од премиерот, постигнат е одреден напредок, но сепак се потврдува потребата за поголема политичка посветеност, нагласи Рокас.

Нема напредок, нагласи Рокас, во судските реформи и борбата против корупцијата.

-Ова останува од суштинско значење да се направи. Ова не се само одредници, туку темел за довербата на граѓаните и за европската иднина на државата. Трета година по ред во оваа власт нема значителен напредок, а сепак токму тука една нова посветеност може да направи една голема разлика. Да се обезбеди финансиската независност на судството, ослободени од мешање. Тоа ќе биде клучно за да се врати довербата на јавноста и да се продолжи со реформите. Затоа ќе биде потребно и соодветно финансирање, што значи дека е потребно зголемување на средствата во нацрт буџетот за 2026 година за да се спроведат реформите и амбициите на земјата, порача Рокас.

Во однос на борбата против корупцијата, евроамбасадорот, нагласи дека е потребно да се измени Кривичниот законик во согласност со препораките од Уставниот суд.

-Битно е да се надминат политичките поделби, да се забрзаат реформите и да се заврши со именувањата и назначувањата. Се уште се чека напредокот на полето на уставните измени, но постои сериозна можност да се обнови дијалогот и да се продолжи со оваа клучна обврска, порача Рокас.

Го поздравуваме фактот, нагласи Роакс, што државата работи на патоказите за владеење на правото, јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и акцискиот план за заштита на малцинствата што, како што рече, се клучни подготвителни чекори за отворање на класерот Основи.

-Со нетрпение очекуваме да видиме усвојување на овие документи до крајот на годината, за да можеме да продолжи со интегративниот процес. Кога станува збор за политиките, реформите се бавни, но сепак се истакнува извесен напредок во одредени области кој што ги спомена и самиот премиер, изјави Рокас.

Може да бидете сигурни, нагласи Рокас, дека дека брзото проширување е наш приоритет и наша цел, особено во тековниот геополитички контекст и порача дека „го цениме фактот дека земјата останува усогласена со безбедносната и надворешната политика на ЕУ“ во однос на руската агресија против Украина.

-Ова покажува дека земјата продолжува да биде сигурен и доверлив партнер што ги споделува вредностите и приоритетите на ЕУ, порача Рокас.

Извештајот за напредокот на земја, Рокас нагласи дека веќе го претставил на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и сега на Владата, како и пред судството и граѓанското општество, а како што посочи од годинава неговиот тим ќе го презентира пакетот за проширување и во други градови низ земјава.

ЕУ, нагласи Рокас, работи напорно за да постигне интеграција на земјата, посочувајќи ги како позитивни чекори приклучувањето на СЕПА системот, напредокот на дискусиите за роамингот, како и значителната финансиска поддршка преку Планот за раст и тоа што земјава ќе биде една од земјите домаќини на Центарот за вештачка интелигенција, кои се дел од пакетот на ЕУ, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ