Саудискиот принц Мохамад бин Салман е пред истрага во врска со убиството на дисидентскиот новинар Џамал Хашоги, бидејќи постојат “веродостојни докази” дека тој и другите високи функционери се одговорни за убиството, според извештајот на ООН за криминал и форензика.
Во исцрпната анализа од 100 страници објавена во средата за она што му се случи на Хашоги во октомври минатата година, специјалниот известувач на ОН, Агнес Каламар, вели дека смртта на новинарот е “меѓународен криминал”. Извештајот се потпира на снимки од разговорите во конзулатот во деновите пред неговата смрт, од кои се дознава како тим од саудиски официјални лица заминале од Ријад во Истанбул за да го убијат.
“Заклучокот на специјалниот известувач е дека г. Хашоги е жртва на намерно, умислено, вонсудско убиство за кое државата Саудиска Арабија е одговорна според меѓународниот закон за човекови права”, вели таа.
Во извештајот за записите од разговорите во внатрешниста на конзулатот во Истанбул во кој беше убиен новинарот Кашоги, се вели дека Кашоги се соочил со саудиските функционери и одбил да оди со нив. Потоа следела борба и тешко дишењеи има сериозни индикации дека на Кашоги му ињектирале седатив и потоа го задушиле со пластична кеса.
Со овие наоди ќе се врши притисок врз принцот Мохамед бин Салман за да обзнани што знае за убиството на Хашоги. Кралството претходно се огради од вмешаноста во случајот и го осуди чинот, но истрагата од страна на саудиските служби се испостави дека не е спроведена според меѓународните стандарди.
Во извештајот меѓу другото се вели дека екзекуцијата на новинарот Кашоги е симболичен глобален модел на таргетирано убиство, и закани против новинарите и медиумските работници што редовно ги критикуваат државите, агенциите на ОН, специјалните процедури и бројните меѓународни и национални човекови права организации “.
Д. Т.