• Latest

Царовска: Солидарноста и еднаквоста се темелите на ЕУ

June 21, 2019
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Солидарноста и еднаквоста се темелите на ЕУ

June 21, 2019 13:15
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Социо-економската перспектива на Северна Македонија и регионот беа тема на денешната Национална конференција „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ интеграции“ што се одржа во Владата на Република Северна Македонија. Настанот беше организиран од германската невладина организација Arbeiter Samariter Bund, Југоисточна Европа, заедно со локалниот партнер Отворена Порта – Ла Страда и со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија.

На настанот присуствуваа повеќе од 100 учесници, вклучително и претставници на Владата на Република Северна Македонија , Германска амбасада во Република Северна Македонија, претставници на локални и регионални невладини организации, претставници на меѓународната заедница и општините, како и членови на регионална ИРИС мрежа која брои повеќе од 200 членки, даватели на социјални услуги.

Главните теми за кои се дискутираше се однесуваат на социо-економската перспектива на Република Северна Македонија, каде што Министерката за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, Мила Царовска, ги презентираше состојбите во социјалната политика и вработувањето, како и реформите во овие системи во последните неколку години.

“Идејата на Европското семејство се темели на принципите на солидарност и еднаквост на сите граѓани. Со социјалната реформа за прв пат како универзално право за сите домаќинства со ниски приходи се воведува детски и образовен додаток, гарантирана минимална помош и социјална сигурност за старите лица, со што директно влијаеме на намалување на сиромаштијата, посебно на детската сиромаштија. Крајната цел на целата реформа не е покачувањето на износите на правата, туку активација на корисниците на пазарот на трудот и нивно трајно излегување од сиромаштија за што ги јакнеме и социјалните тимови и институциите коишто непосредно ќе работат со семејствата. Ја повикам Европската Унија да ја продолжи и продлабочи соработката во областа на социјалната политика со регионот”, изјави Царовска.

Се обратија и Елмир Бојаџиќ, регионален директор за југоисточна Европа– АСБ и Марија Тодоровска , програмска директорка на Здружението Отворена порта- Ла Страда.

Конференцијата е организирана во рамките на Иницијативата за социјална димензија (СДИ), која започна во 2018 година како заеднички напор на АСБ и локалните организации на граѓанското општество од Западен Балкан, а поддржана од група истакнати членови на Европскиот парламент, за да се зајакне дијалогот меѓу цивилниот сектор, граѓаните и политичките елити како во Европската Унија (ЕУ), така и на Западен Балкан за потребата од посилна социјална димензија на интеграцијата во ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ