Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде сменет, а нов министер ќе биде Зоран Заев.
Министерот за локална самоуправа Сујхел Фазлиу е сменет и на негово место седнува Горан Милевски.
Ма местото на досегашниот министер за екологија Садула Дураку, треба да се именува Насер Нуредини.
Советникот на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски ,Трајан Димковски ќе биде министер за земјоделие.
По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
Заев изјави дека обврската министер за финансии ќе ја преземе лично тој.
„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.












