• Latest

Скопските дрвја во синџири

June 25, 2019
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопските дрвја во синџири

Герила акција како дел од кампањата „Не игнорирај!Реагирај!“

June 25, 2019 11:55
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter
„Кога не разбирате што ви се зборува, ќе мораме да ви нацртаме“ – е пораката на О2 иницијатива, граѓанско здружение кое се бори за здрава животна средина и чист воздух.

Вчера во герила акција во соработка со Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, граѓаните ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата.

Како градоначалник кој раководи со Координативното тело на градоначалниците во градов, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов има можност, но и должност, да го постави ослободувањето на сите заробени дрвја како заедничка акција. Шилегов неодамна изјави дека само 187 од над 1,000 заробени дрвја во Скопје биле под нивна наделжност, но дури и од нив градот во период од 6 месеци, ослободил само 20, се вели во нивното соопштение.
Според експертите од шумарскиот факултет, дрвјата мора да бидат ослободени веднаш, без ниту еден ден допонително одолговлекување бидејќи летните жештини и високите температури ќе значат угинување на најмалку 200 до 300 повеќе децениски, во моментов исклучително загрозени дрвја.
„Зелените површини според генералниот урбанистички план на Скопје во 2012 година завземаат вкупно 529 хектари односно 6 отсто од вкупната површина на градот, се наведува во студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје од 2015 година. Едно дрво може да претставува живеалиште на голем број птици и инсекти. Колку е крошната поголема, толку е поголем неговиот биодиверзитет. Дел од жителите на крошните се биоконтролори на паразитите кои се штетни и за човекот. Биодиверзитетот во урбаните области ни обезбедува и економски и еколошки придобивки, кои значајно влијаат врз квалитетот на животот на градските жители. Градското зеленило го прочистува воздухот и ја апсорбира прашината и штетните гасови за 30 до 40 отсто. Во деловите со интензивно зеленило, загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Градските паркови штитат од бучава, силно сонце и ветрови и ја регулираат температурата во населбите. Еден градски парк со димензии од 10 хектари ја намалува температурата во околината за еден степен целзиусов“, велат од О2 Иницијативата.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ