• Latest

Малите хидроцентрали во Северна Македонија се привилегирани

July 2, 2019

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малите хидроцентрали во Северна Македонија се привилегирани

July 2, 2019 10:29
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Еко здруженијата Еко Свест и CEE Bankwatch Network вчера поднесоа жалба до Енергетската заедница за неправедното користење на малите хидроелектрани над други енеретски извори.

Македонија е потписник на Договорот за енергетска заедница, со кој се забранува “каква било јавна помош која ја искривува или се заканува да ја наруши конкуренцијата со фаворизирање на одредени претпријатија или одредени енергетски ресурси”.

Малите хидроелектрани во последниве години ја уништуваат југоисточна Европа – вклучувајќи ја и Северна Македонија – поради нивниот брз развој, често во заштитени подрачја, и недостиг на спроведување на законите за животна средина.

Сепак, новите регулативи што ги одобри владата на Северна Македонија во февруари оваа година дозволуваат неограничен број на хидроелектрани под десет мегавати да продолжат да добиваат оперативни субвенции во вид на повластени тарифи.

Истовремено, сончевите фотоволтаици не можат да добијат никакви повластени тарифи, без оглед на големината. Сите квоти за ветерници веќе се резервирани, а само неколку мегавати биомаса и биогас сеуште можат да добијат оперативна поддршка.

Новите правила, исто така, ги вклучуваат производителите на сончеви фотоволтаици и повеќето производители на ветер во систем за поттик, дизајниран да ги минимизира трошоците за потрошувачите. Тие мора да се натпреваруваат на аукции за да понудат производство на електрична енергија по најниска цена, а успешните понудувачи се квалификуваат за поддршка во форма на премии што се плаќаат над пазарната цена за електрична енергија за да се осигурат дека ги покриваат нивните генерирачки трошоци.

Овој систем, кој исто така се применува и во ЕУ, повлекува поголеми ризици за инвеститорите, така што неуспехот да се примени на хидроенергијата претставува нефер предност за овој сектор.

“Вицепремиерот на Северна Македонија, Кочо Анѓушев, поседува голем број мали хидроцентрали, а неговиот кабинет е тесно вклучен во подготовката на законодавството за енергетскиот сектор. Затоа одлуката на Владата да даде повластени субвенции за малите хидроелектрани изгледа сомнително “, изјави Давор Пехчевски од Еко-свест.

“За земја што го има сонцето под нејзино знаме, Северна Македонија чудно го користи својот потенцијал. Привилегираната хидроенергија можеби имала смисла пред неколку години кога сончевите и ветерите биле премногу скапи, но тие денови се одамна заминале “, изјави Пипа Галоп од CEE Bankwatch Network. “Наместо да се стимулира растот на нови извори, оваа шема ги потпомага малите хидроцентрали со голема штета. Треба веднаш да се смени за да се обезбеди еднакво поле за играње “.

„Во трката да ги исполнат своите обврски кон Енергетската заедница и да започнат со преговори со ЕУ, многу од земјите од Западен Балкан побрзаа со планови за изградба на хидроенергетски капацитети, заради зголемување на уделот на електрична енергија од обновливи извори во своите земји. Меѓу нив и нашата земја- повеќе реки се веќе уништени или изложени на опасност од изградба на мали хидроцентрали. Хидроенергетските проекти ја уништуваат природата и животот на локалното население“ – изјави  Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест, добитничка на наградата за животна средина Goldman, со која им се оддава почит за достигнувањата и лидерството на грасрут
активисти за животна средина од целиот свет, со цел да нè инспирираат сите нас да
преземеме нешто за да ја заштитиме нашата планета.

Лешоска ја доби наградата како признание за седумгодишната кампања за стопирање на меѓународното финансирање за Бошков мост и Луково поле-две големи хидроцентрали планирани во националниот парк Маврово, со која го заштити живеалиштето на речиси исчезнатиот Балкански рис и многу други ретки и ендемски видови во паркот.

Д. Т.

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ