• Latest

Грција повторно во рацете на династијата Мицотакис, Ципрас ги изгуби изборите

July 7, 2019
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција повторно во рацете на династијата Мицотакис, Ципрас ги изгуби изборите

На овие избори, според проекциите на само два часа по затворањето на гласачките кутии во Грција, Нова демократија ќе има целосно мнозинство, бидејќи победникот добива 50 дополнителни места во парламентот. Досега се обработени податоците испратени од околу 75% од окрузите низ земјата. Ципрас му ја честиташе победата на Мицотакис...

July 7, 2019 22:42
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нова демократија, предводена од Кирјакос Мицотакис, победи на предвремените парламентарни избори во Грција. Тие имаат 39,7 отсто од гласовите избројани до 22 часот по грчко време, додека левичарската партија Сириза на Ципрас е на второто место со 31,6 отсто, што ни оддалеку не е толку драматичен пораз каков што беше на мајските европарламентарни избори кога Неа демократиа освои 33,11% од гласовите наспроти 23,78% што ги освои Сириза.

На овие избори, според проекциите на само два часа по затворањето на гласачките кутии во Грција, Нова демократија ќе има целосно мнозинство, бидејќи победникот добива 50 дополнителни места во парламентот. Досега се обработени податоците испратени од околу 75% од окрузите низ земјата.

Во моментот кога резултатите веќе беа јасни, премиерот во заминување, Алексис Ципрас му честиташе на Мицотакис за победата.

„Денес, со крената глава, ја прифаќаме пресудата на народот. За да ја доведеме Грција до таму каде што е денес, мораше да донесеме тешки одлуки со високи политички трошоци“, изјави Ципрас пред бројните новинарски екипи. Тој од новата влада очекува коректно, а не одмаздничко однесување.

Ципрас пред своите поддржувачи, грчките и светските медиуми: „Денес, со крената глава, ја прифаќаме пресудата на народот. За да ја доведеме Грција до таму каде што е денес, мораше да донесеме тешки одлуки со високи политички трошоци“.

Гласачките места се затворија во 19 часот по локално време (20 часот по македонско време), а одѕивот на гласачите беше околу 57%.

Гласањето е технички задолжително во Грција, но законот за задолжително гласање не се спроведува. Многу од гласачите беа на плажите или останаа дома, бидејќи температурите денеска надминуваа 35 степени Целзиусови.

Денес, со крената глава, ја прифаќаме пресудата на народот. За да ја доведеме Грција до таму каде што е денес, мораше да донесеме тешки одлуки со високи политички трошоци – Алексис Ципрас

Една особено добра вест донесоа прелиминарните резултати од предвремените избори во Грција. Екстремно десничарската, неонацистичка партија „Златна зора“ не ги доби минималните 3% од гласовите, потребни да влезе во парламентот, во моментов, резултатите говорат дека освоиле 2,96% од гласовите, што ги остава на маргините од политичкиот живот, односно надвор од парламентот. Сепак, треба да се почекаат конечните резултати од пребројувањето.

Сепак, некои радикали, ќе добијат места во парламентот. Националистичките проруски партии Грчко решение и MeРА25, левичарската партија на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, го поминаа изборниот праг. По нив следат Демократското движење за промени со 7,9 отсто, а потоа Комунистичката партија со 5,4 отсто освоени гласови.

Грчките медиуми, објавија дека една гласачка кутија била украдена од неидентификувана група, тоа нема да влијае на крајниот резултат, така што нема да се прегласува на тоа место.

Што се однесува до Сириза, тие како да се помирија со изборниот пораз уште пред изборите, особено по поразот на локалните и европарламентарните избори во мај годинава. Премиерот Ципрас, всушност, повика на избори три месеци пред редовниот термин. Тој ја собори Нова демократија од власт во 2015 година. Почетокот на неговото владеење го одбележа неговата кампања против политиките на штедење кои ѝ беа наметнати на Грција со години пред тоа. Сепак, за неколку месеци, тој беше принуден да прифати тешки услови за возврат за грчката трета фаза од огромната меѓународна финансиска помош. Како резултат на тоа, Ципрас се соочи со револт токму од неговата партија. На тоа тој одговори со свикување нови избори, само девет месеци по стапувањето на премиерската позиција, на кои повторно ја освои власта и ја одбрани својата позиција.

Сепак, популарноста на Сириза и на Ципрас опаѓаше како што паѓаше грчката економија, а растеше невработеноста. Најжестоките критики во тој период, Мицотакис ги упати на план на економијата, бидејќи, иако таа се подобруваше благодарение на успешните политики на Ципрас и на меѓународната финансиска помош, сепак, реформите и растот беа премногу бавни, барем според опозицијата.

Но, критиките на економските политики на Ципрас ни оддалеку не му донесоа успех на Мицотакис, како што му донесе популарност неговиот радикален национализам со кој го нападна историскиот договор со Северна Македонија.

Заев и Ципрас во Преспа каде што го потпишаа историскиот договор меѓу двете земји, 17 јуни 2018 година.

Грција добиваше серија програми за финансиска помош во текот на изминатата деценија, а од кризата официјално излезе во август 2018 година, кога се врати економскиот раст, што се должи и на успешните реформи на Ципрас. Сепак, невработеноста кај младите останува висока, а националистичката реторика на Нова демократија најголема поддршка доби кај гласачите на возраст од 18 до 24 годишна возраст.

Извештајот го подготви дежурната екипа на ЦИВИЛ Медиа

Print Friendly, PDF & Email
Share66Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ