• Latest

Европската Комисија со позитивна оцена за економските реформи во Северна Македонија

July 11, 2019
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европската Комисија со позитивна оцена за економските реформи во Северна Македонија

July 11, 2019 12:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во годишната анализа на Европската комисија за економските реформски програми на земјите кандидати за членство во ЕУ се прикажани  позитивни трендови за Северна Македонија и го привлекува вниманието на сите чинители кон предизвиците.
Европската комисија констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни. Благодарение на силниот извоз и силната домашна потрошувачка, бруто домашниот производ (БДП) е зголемен за 2,7 отсто во 2018, стои во годишниот извештај за Економската реформска програма (ЕРП) на Еврокомисијата. Очекувањата се дека економијата ќе продолжи да расте од 3,2 отсто во 2019 до 5,1 отсто во 2021, пред сѐ благодарение на домашната побарувачка. Меѓутоа,  Еврокомисијата предупредува дека  надворешните околности би можеле да се влошат повеќе од очекуваното, со што се става во опасност оваа оптимистичка прогноза. Притоа постои ризик увозниот раст да се зголеми повеќе од планираното поради зголемена домашна побарувачка, додека пак прогнозите за инвестициите можат да бидат доведени во прашање поради слаба имплементација на планираните инфраструктурни проекти и нискиот импакт на зголемената финансиска поддршка за приватни инвестиции, стои во годишната проценка на Европската комисија. Во однос на фискалната стабилизација, Комисијата смета дека дел од мерките можат да бидат недоволни на долг рок, пред сѐ поради ризиците поврзани за нивната имплементација.

Зацврстувањето на фискалната одржливост би барала дополнителни напори за мобилизација на приходите и промена на политики кои носат заштеда, вклучително и пензискиот систем, стои во извештајот. Европската комисија смета и дека е потребен поголем надзор врз растечкиот долг на јавните претпријатија, кои работат надвор од рамките на владиниот фискален режим. Клучните предизвици, според Комисијата, се стабилизацијата на јавниот долг преку намалување на примарните дефицити, истовремено зачувувајќи го растот и поттикнувајќи капитални трошоци. Европската комисија, меѓу другото, предлага мерки за подобрување на наплатата на приходи и намалување на даночните изземања, како и потранспарентна рамка за државната помош и дополнителна реформа на пензискиот систем. Истовремено, европската извршна власт предупредува дека овие фискални реформи не смеат да се одвиваат на штета на инвестициите во јавната инфраструктура и образованието. Во однос на образовниот систем, според Комисијата, потребна е темелна реформа на секој степен, вклучително и неформалното образование, со цел подобрување на состојбите за ранливите категории, како жените, одредени етнички заедници и одредени региони кои постојано се соочуваат со високо ниво на невработеност. Земјата има проблем и со ниското ниво на квалификација на работниците, кои поради тоа не успеваат да најдат работа и се повеќе склони кон емиграција.
Неформалниот сектор продолжува да претставува опасност за економијата и за бизнис климата, смета Комисијата, бидејќи тој создава нефер услови на конкурентност и ги ограничува можностите на легалните бизниси да се развиваат и инвестираат во развој, иновација и продуктивност. Освен тоа, непријавените приходи и работа ја оштетуваат економијата и ги намалуваат можностите и условите на вработување, како сигурноста и безбедноста. Еврокомисијата е свесна дека ова прашање е посебно деликатно и дека ќе бидат потребни внимателно осмислени мерки.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ