Постојана собраниска комисија за надзор на казнено-поправните установи излезе со десетина забелешки за условите со кои се соочуваат осудените лица во земјава како и вработените во овие институции. На денешната собраниска расправа, претседавачот на Комисијата, Фадил Зендели, посочи дека при посета на затворите во Идризово и Штип констатирале најпрвин недостиг на финансиски фондови за овие институции.
Зендели посочи и дека во затворите количината на храната за осудените е незадоволителна, има недостиг на медицински работници, услови за телефонска комуникација со роднините проади лошата состојба на телефонските апарати, лоши услови за престој…
Директорката на Дирекцијата за извршување на санксии Билјана Зевиќ во нејзиниот говор рече дека во претходните буџети се предвидувале средства за затворите, а во периодот се предвидуваат и капитални инвестиции. Директорката призна дека количината на храната е недоволна, но гарантираше дека квалитетот на храната е според предвидените стандарди. Исто така, за проблемите со телефонските линии потврди дека има технички недостатоци и најави дека ќе се работи и за поправка на овој проблем.
Арбен Зеќири