„Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во Собранието“, велат од Министерството за правда за МИА, со оглед дека Владата утре ќе го прати Предлог-законотзаЈОвоСобранието.
Од министерството посочуваат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Рускоска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.
„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, истакнуваат од Министерството за правда












