• Latest

За иднината и срамот пред генерациите што доаѓаат

July 24, 2019

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

За иднината и срамот пред генерациите што доаѓаат

Лично мислам дека треба да почнеме да поднесуваме кривични пријави против високите функционери во власта (сегашни и минати) согласно членот 218, членот 225-а, членот 226,  членот 230, членот 232-а и секако членот 234 од Кривичниот законик, сѐ додека не научат дека не смее да се уништува нашата сегашност и иднината на генерациите кои доаѓаат.

July 24, 2019 07:48
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Не знам за вас, ама јас се срамам од генерациите кои ќе дојдат да живеат на овие простори после мене.

Жив срам ме јаде кога ќе помислам каква земја сум затекнала при моето раѓање, а каква им оставам во аманет на тие што ќе живеат на овој простор после мене.

При секое патување низ државата, сѐ повеќе се срамам. За ѓубрето и за езерата и за реките и за…

Најновиот срам ми е заради планините.

Оние прекрасни, покриени со шума или со планинско цвеќе, преубави комбинации на камен и зеленило, живеалишта на најразлични видови животинчиња, создавани со стотици илјади години, полни со приказни и волшепства.

Тие планини кои постепено исчезнуваат заедно со шумата и планинското цвеќе, преубавите комбинации на камен и зеленило, со живеалиштата на животинчињата, со приказните и волшепствата.

Според членот 8 од Законот за животната средина во постапувањето со околината треба да се воспостави начело на одржлив развој – „Заради задоволување на потребите за здрава животна средина, како и социјалните и економските потреби на сегашните генерации, без притоа да се загрозат правата на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби, при преземањето на секоја активност или вршење на која било дејност задолжително треба да се води сметка за рационалното и одржливото користење на природните богатства.“

Член 14

Начело на превенција – “Мерките и активностите за заштита на животната средина се преземаат пред да дојде до штетни последици.“

Во Законот за минерални суровини пак, во членот 36 пишува – “Концесија за експлоатација на минерални суровини доделува Владата на Република Македонија.“

Наспроти многу добрата и јасна регулатива Владата (оваа и сите претходни по ред) ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат.

Токму Владата  (оваа како и сите претходни по ред) стои зад каменоломот во Велес, и зад каменоломите во Лабуништа, и каменоломите во гостиварско, и зад безмилосното искористување на песокот од реките, и зад сите ископини и места за експлоатација на минерали од оние 367 доделени или продолжени во јули 2019 година.

Токму Владата (оваа и сите претходни по ред) без ум и разум, без срам и перде, најсурово и неповратно го уништуваат нашето наследство од претходните генерации и ја уништуваат иднината на генерациите кои доаѓаат.

Секој од овие ископи (од прв до последен) прекршува повеќе одредби од Законот за заштита на природата и секој од овие ископи (од прв до последен) е направен на начин кој го загрозува здравјето на луѓето, а што е санкционирано со Законот за јавно здравје, и секој од овие концесионери се измотава со нас, вметнувајќи ја во своите елаборати одребата за „…рекултивација на просторот по завршувањето на експлоатацијата на минералните суровини“.

Јас навистина би сакала да видам како тоа се штити шумата и еколошките системи и заштитените животински видови од страна на сите овие концесионери. И би сакала да видам што се прави за заштита на населението од бучава и од прашина и од издувни гасови. И ве молам да ми покажете барем еден простор каде што се искористувале минерални суровини кој потоа е, како беше она, „рекултивиран“.

Лично мислам дека треба да почнеме да поднесуваме кривични пријави против високите функционери во власта (сегашни и минати) согласно членот 218, членот 225-а, членот 226,  членот 230, членот 232-а и секако членот 234 од Кривичниот законик, сѐ додека не научат дека не смее да се уништува нашата сегашност и иднината на генерациите кои доаѓаат.

А, можеби во еден глас да побараме да се врати уставната одредба од 1946 година која гласи вака: „Член 84: Членовите на Владата на ФНРЈ се кривично одговорни за повредите на Уставот и на законите при вршењето на службената должност. Тие одговараат за штетата што ке ѝ ја направат на државата со незаконска работа.“

Веќе доцниме. Многу.

 

 

 


Овој текст, како и богатство од прилози за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, прочитајте на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share519TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ