• Latest

Асани: Ад-хок порталите се извор на лажни вести и дезинформации

July 26, 2019

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Асани: Ад-хок порталите се извор на лажни вести и дезинформации

Дезинформациите ни предизвикуваат големи проблеми бидејќи се неосновани, неаргументирани и доведуваат до говор на омраза, вели граѓанскиот активист Беким Асани од Тетово

July 26, 2019 11:40
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на турнејата  на ЦИВИЛ  низ Полошкиот регион во рамките на проектот „Зелена иднина“ со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел (Сараево), екипата на Цивил оствари интервју со граѓанскиот активист Беким Асани во Тетово.

ЦИВИЛ Медиа: Има ли национализам во Тетово?

Асани: Верувам дека има национализам во Тетово, дури и е во пораст заради секојдневните политики и мислам дека национализмот е општествен проблем во нашиот град, проблем што треба да се искорени на различни начини, и верувам дека институциите заедно со невладините организации треба повеќе да се активизираат во овој правец. Со креирање на мултиетнички простори и со санкции за говор на омраза, којшто е базата на национализмот во нашето општество.

ЦИВИЛ Медиа: Ќе можете ли да ни кажете за некој  конкретен случај на демонстрација на национализам?

Асани: Еден мој пријател, Македонец, од 2001 година е принуден да поминува од друга улица само заради тоа што не смее да се движи низ една населба во која живеат претежно Албанци, бидејќи не се чувствува сигурен. Бил нападнат еднаш, и од тогаш е трауматизиран. На ова јас гледам како на национален проблем, како прашање што треба да се истреби бидејќи лицето треба да потроши 20 минути повеќе од своето време, за да се врати дома, наместо да се движи по пократка рута.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се преземаат мерки од страна на органите за ред и мир?

Асани: Не знам колку би можело овие случаи да се решат, ако случајот е еден на еден, би можело, но ако е група против едно лице, или ако тој е веќе преплашен, не верувам…

ЦИВИЛ Медиа: Дали препознавате лажни вести и како се справувате со истите?

Асани: Во здружението со коешто управувам ова е голем проблем, бидејќи заедницата е постојано цел на лажни вести. Дезинформациите ни предизвикуваат големи проблеми бидејќи се неосновани, неаргументирани и доведуваат до говор на омраза. Често во текот на нашата работа се покажало дека говорот на омраза поттикнат од лажните вести преоѓа во физичко, вербално насилство, сајбер насилство, закани…

ЦИВИЛ Медиа: Како се дистрибуираат лажните вести?

Асани: Постојат портали што функционираат на ад-хок систем, портали што немаат квалитативен систем, што функционираат со копи-пејст и земаат вест од друг портал, и потоа додаваат малку сензационален текст, или пак еднаш неделно ќе напишат прилог без факти и без аргументи. Тука започнува лажната вест… Мислам дека заради несанкционирањето на ваквите портали, бидејќи се коренот на дезинформациите, на лажните вести, говорот на омраза, како што велат народно, од мува прават вол, така и лажните вести од нешто многу ситно се претвора во големо, и ние како заедница сме го почувствувале ова во текот на последните неколку години, и јас лично, бидејќи лажните вести се многу штетни за нашата работа.

ЦИВИЛ Медиа: Колку влијаеле на вашиот живот лажните вести и говорот на омраза, како се справувате со нив?

Асани: Минатата година имав таков случај, личен, но институциите максимално се ангажираа и се се заврши, иако на одредено време го напуштив градот заедно со моето семејство, токму заради една лажна вест, и заради тоа моравме да се отселиме од Тетово. Но полицијата и обвинителството презедоа мерки, потоа случајот стигна и до суд, и случајот имаше позитивна завршница. Десетте лица заканувачи беа казнети со условна казна.

ЦИВИЛ Медиа: Дали сте сега посмирени, или се уште живеете во страв?

Асани: Секогаш велам дека ад-хок порталите се многу штетни за нашата работа, но ние направивме неколку обуки за новинари и студенти и започнавме со соработка.

Диана Тахири

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ