Oд Комерцијална банка АД Скопје соопштуваат дека се мета на лажни вести и дезинформации. Тие на својот Фејсбук профил објавиле предупредување дека на социјалните мрежи се пласираат лажни објави во врска со настанатиот технички проблем во Комерцијална банка АД Скопје.
„Ве молиме, со цел да се избегнат какви било непријатности и недоразбирања, да ги земете предвид само известувањата кои се објавени на официјалната Facebook страна на Комерцијална банка АД Скопје“.
Од Комерцијална банка информираат дека дека сите банкомати се во функција.
Д. Муратов