• Latest

Протест против ДУИ во Скопје, се бара правда за Албанците и казни за криминалците

July 26, 2019
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протест против ДУИ во Скопје, се бара правда за Албанците и казни за криминалците

Пред да започне маршот, на плоштадот Скендербег се случи инцидент. Според мајката на Ел Чека, функционер на ДУИ го нападнал братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а таа самата беше покриена со крв иако не се знае со каков предмет е удрена во моментот кога интервенирала да го оддели својот син

July 26, 2019 19:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предводени од братот и роднините на Ел Чека, како и од претставници на граѓански организации на Албанците во Северна Македонија, група граѓани протестираа денеска во Скопје против ДУИ, нејзините функционери, како и против монтираните судски процеси. Со извиците „Али предавник“ и „Али криминалец“, демонстрантите маршираа од плоштадот Скендербег до Владата на РСМ.

Претставниците на граѓанските организации и јавни личности побараа Владата да не ги штити функционерите на ДУИ за кои се слуша како прават злоупотреби во аудио материјалите објавени од Ел Чека, туку истите случаи да се расчистат до крај.

Протест на Албанците против ДУИ, инспириран од „бомбите“ на Ел Чека, Скопје, 26/7/2019

„Ние сме собрани тука за да им кажеме стоп на антивредностите, корумпираните, заложените, дегенерираните, рекетарите, убијците како и убијците на иднината на албанската младина и не само на нив. Денеска сме собрани за да им кажеме на чедата кои се родени во маката со кланот од Зајас, да бегаат што побргу од таа несреќа на Албанците која се вика ДУИ. Сите заедно протестираме против убијците на иднината на нашата младина“, изјави претседателот на Здружението на политичките затвореници Албанци од Македонија, Шпетим Положани.

Поранешниот пратеник Хисни Шаќири кој, исто така, го поддржа протестот, рече дека бомбите на Ел Чека ја открија вистината за начинот на владеењето на политичарите Албанци кои со децении се на власт во оваа земја.

„Бомбите кои ги објави Ел Чека беа една порака за целиот албански народ да се запознае директно со тоа што прават Албанците што учествуваат во власта. Не само што ги злоупотребиле правото и слободите на овој народ, туку на најгаден начин допреле и до интегритетот и достоинството на многу семејства. Тие се занимаваат со многу ниски работи што немаат никаква морална вредност и не им даваат никакво право да да си поигруваат со семејствата“, изјави Шаќири.

Пред да започне маршот, на плоштадот Скендербег се случи инцидент. Според мајката на Ел Чека, функционер на ДУИ го нападнал братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а таа самата беше покриена со крв, иако не се знае со каков предмет е удрена во моментот кога интервенирала да го одбрани својот син.

Арбен Зеќири

Share108TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ