• Latest

Непријателот на лагата е нивен непријател

July 29, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Непријателот на лагата е нивен непријател

Производството на непријатели не е непозната работа во историјата на човештвото и тоа не се ограничува на определен простор, па оттука онаа позната античка вистина – ако немаш непријател, измисли го – не ја заобиколила ниту нашата држава.

July 29, 2019 14:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Очекувано, идејата на Владата да застане на пат на лажните вести го окупираа медиумскиот простор, го заскокоткаа вниманието на јавноста, а  таа, жедна да проникне во суштината на најавениот владин акционен план отвора весници, пушта телевизии, отвора портали и… не го добива очекуваното. Или, добива уверување од определени „посленици на вистината“ дека лажната вест е темелот врз кој опстојува новинарството и без неа тоа би било просто невозможно. Одбраната е жестока – лагата не смее да биде цензурирана.

Знам дека ова што го пишувам ме води на мошне тенок лед и ме доведува во опасност да пропаднам во обвинувањето дека, ете, се обидувам дидактичко-моралистички да влијаам врз мои колеги, чистејќи се на тој начин од сопствените новинарски гревови, сега и во минатото. Но, сеедно од таквата опасност, ризикувам, напросто и затоа што навистина се претера и, колку и да се затскриваат нештата, фактот е неумолив: некои од нас дебело партиципираат во оживотворувањето на синтагмата – срамно новинарство.

Ако се исклучат определени медиуми во државата, кои со сизифовска упорност ја чуваат честа на професијата, македонското новинарство може да се набљудува како двополно суштество чија функција и цел е, низ една нетрпеливост, зошто не и со отворена омраза, да го уништи непосакуваниот пол во себе. Значи, станува збор за два антипода во зедничкото новинарско тело, закрвени непријатели кои тоа станале поради одбрана на идеолошките вредности и барања на нивните политички ментори и газди, па оттаму секое мислење на политичкиот противник во миг станува вербален деликт кој треба да изгори, да се уништи на медиумската клада, а тој odium ideologicum предизвикал, без претерување, циркулација на патолошка омраза кон трансмитерите на вистината или лагата, сеедно.

Производството на непријатели не е непозната работа во историјата на човештвото и тоа не се ограничува на определен простор, па оттука онаа позната античка вистина – ако немаш непријател, измисли го – не ја заобиколила ниту нашата држава. Меѓутоа, оставајќи ги настрана апсурдните идеолошки линии за „непријателот“ и враќајќи ѝ се на професијата новинарство, секој читател или гледач (доколку однапред не се определил за вистината на некој новинар и медиум) станува вистински згрозен од начинот во јавното комуницирање, од сите „почести“ што се ставаат на контото на, нели, противникот; останал шокиран од сите бестијалности, вулгарности, примитивност, неписменост, злоба…, од сето она жолтило кое се распослало низ весниците, телевизиите, социјалните мрежи.

Новинарството ни е во кал од зборови, грди, недоветни, излошени, полни со омраза – новинарската пристојност пропаднала во бездната на минатото. Но, новинарските пропагандни пера, нарамени со торбите преполни со лажни вести и курирски расшетани низ медиумскиот простор, се разбира, никогаш нема да се согласат со ова и, напротив, во своите писанија од кои тече зелена злоба и жолта вулгарност, гледаат слобода на мислата и говорот, како последица на широко отворените демократски процеси кои најпосле овозможиле храбро новинарство. И да, нема да се загрижат (евентуално можат да го стават на листата на омразените) ако некој во таа демократија види демократија на аплауз за одредена политичка формација.

Што се однесува, пак, до слободата на мислата и на говорот, за  оние дефиниции што во наследство ни ги оставиле умните, некако ми се чини дека низ годините, од преголемата употреба, тие се излитиле, станале општо место, обична флоскула. Затоа, овојпат не се определувам за некоја на филозофиите од антиката до денес, тука за онаа што ја изрече еден физичар, Марија Склодовска – Кири, која барајќи ја и, несомнено,  пронаоѓајќи ја смислата и вредносната цел, како свое животно начело постави дека „основно правило за слободна мисла и воопшто за слобода е да не дозволиш да те скршат ниту луѓето, без разлика дали се над тебе, ниту околностите, независно какви се.“ Се прашувам: лежи ли во поттекстот на оваа „проста и строга“ порака сознанието дека слободата на мислата и говорот на поединецот ја содржи неговата свест за сопствената единственост, за индивидуалниот став, поинаквост од некое моќно и силно опкружување кое сака да го впие во себе и да го направи свој поданик?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања

Print Friendly, PDF & Email
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ