• Latest

Поголема толеранција и надминување на предрасудите за намалување на делата од омраза

August 9, 2019
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поголема толеранција и надминување на предрасудите за намалување на делата од омраза

August 9, 2019 11:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Предрасудите и нетолеранцијата се причина за криминалот од омраза и ниту едно општество не е имуно на ваквите влијанија. Поединечните појави на криминал од омраза во себе го носат зачетокот на потенцијални конфликти, затоа што можат да ескалираат и во однос на бројот на погодени лица и во однос на интензитетот на насилството, а кругот на предизвиканото насилство може да се прекине само доколку се преземат одлучни мерки.

Криминалот мотивиран од нетолеранцијата кон одредена група во општеството се дефинира како криминал на омраза. Мотивот за извршување на делото мора да е заснован на одредена предрасуда, што значи дека сторителот ја избира целта на казнивото дело врз основа на заштитените карактеристики кои претставуваат основна или суштинска карактеристика која ја обележува групата, како на пример, раса, веросисповед, етничка припадност, јазик или сексуална ориентација.

Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година на Хелсиншкиот комитет покажува дека во периодот од 2013 до крајот на 2018 година евидентирани се 508 инциденти сторени поради омраза.

Од Хелсиншки велат дека во 2018 година e регистриран досега рекорден број на инциденти, дури 123, споредено со сите претходни години.

Овој тренд на зголемување на регистрирани инциденти сторени од омраза, како што посочуваат, продолжува и во 2019 година, односно заклучно со јуни годинава, се евидентирани вкупно 109 случаи.

Бројот на инциденти извршени врз основа на етничка припадност е алармантен и достигнува 64 отсто од сите регистрирани инциденти. Од Хелсиншки посочуваат дека речиси сите се случиле помеѓу припадници на македонската и албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство жртви и сторители се малолетни лица/младинци.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска посочува дека Комитетот е единствен субјект во земјава што со поддршка на Мисијата на ОБСЕ го следи овој феномен, а Република Северна Македонија е единствена во регионот каде што државата не го прави тоа континуирано и систематизирано.

Според неа, не се преземаат доволно мерки за да се спречат делата од омраза, но и говорот на омраза, кој е главен фактор за предизвикување насилни инциденти.

Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека за 123 инциденти минатата година, се поднесени само 24 кривични пријави, и тоа за случаи каде се инволвирани јавни личности и политичари, но не и за оние каде сторители и жртви се малолетници. Тие посочуваат дека Скопје е најнебезбеден град, имајќи предвид дека најголем број инциденти се случиле во општините Гази Баба, Центар и Чаир.

Што треба да се направи за да се намали бројот на делата од омраза

Од Хелсиншкиот комитет посочуваат дека е потребно да се земе предвид искуството на државите членки на ЕУ во проширувањето во рамките на нивното кривично законодавство на опсегот/обемот на казнивите кривични дела од омраза и вклучувањето на другите мотиви на пристрасност позади овие дела.

Да се осигура брза, ажурна и ефективна истрага и гонење на делата од омраза гарантирајќи дека пристрасните мотиви се земени предвид и во текот на кривичната постапка.

Да се преземат соодветни мерки за да се потпомогне пријавувањето на делата од омраза од страна на жртвите, вклучувајќи мерки да се изгради доверба во полицијата и во другите институции.

Да се соберат и објават сеопфатни и компарабилни податоци за делата од омраза, колку што е можно повеќе, вклучувајќи го бројот на такви инциденти пријавени од јавноста и евидентирани од страна на органите за спроведување на законот, бројот на осуди, пристрасните мотиви позади тие кривични дела и казните изречени на сторителите.

Да се осигура дека жртвите на делата од омраза се поддржани и заштитени. Да се унапреди обуката на релевантните практичари кои доаѓаат во контакт со жртвите на дела од омраза, притоа овозможувајќи им ефикасно да им помагаат на овие жртви. И да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, и преку рефлектирање на едукацијата за човекови права, наставните планови по историја и релевантните обуки, преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, особено на децата и младите луѓе.

Како може да се превенира криминалот од омраза?

Превенцијата на криминалот од омраза е неопходна заради спречување односно намалување на бројот на инциденти кои во нивната заднина имаат некоја од пристрасните мотивации, доколку овој феномен не може во целост да се искорени и елиминира. Тоа нужно бара системски пристап од страна на сите надлежни и релевантни чинители, вклучувајќи ги невладините организации, полицијата, локалните самоуправи, центрите за социјална работа, но и образовните институции.

Неопходно е, како што посочува Пировска, јакнење на јавната свест за негативните ефекти од овие појави за општеството и социјалната кохезија, пред се со вклученост на наставниот кадар во конципирање и имплементирање на соодветни проектни активности во рамки на основните и средните училишта во етнички мешаните средини, но и со иницијативи на локалната власт.

Медиумите, како што вели, исто така можат да играат важна улога во превенирање на криминалот од омраза преку организирање и одржување јавни дебати и трибини на кои отворено и гласно ќе се адресира оваа проблематика.

„Не помалку важна е улогата на обвинителствата и кривичните судови кои преку правилно препознавање, процесуирање и казнување на делата од омраза треба да придонесат кон ставање крај на неказнивост и индиректно да влијаат врз процесот на превенција“, вели Пировска.

Конечно, како што посочува, и политичарите преку избалансиран говор во кој не се содржани елементи на говор на омраза, како и верските лидери во одредени мултиконфесионални средини можат да имаат клучна улога во сузбивањето на криминалот од омраза.


Даниела Маркоска Алексовска/МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ