• Latest
Background text pattern concept wordcloud illustration of social inequality

Даноците и социјалните разлики во општеството

August 12, 2019
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер

September 10, 2025

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи е во тек, остануваат уште 5 дена до последниот рок за пријавување

September 10, 2025

Орце Ѓорѓиевски: „Зборот е збор, EXIT во Скопје“ – ЕXIT со демант: „Не се преселуваме во Скопје“

September 10, 2025

Граничната полиција на БиХ не била информирана за поништувањето на пасошот на Додик

September 10, 2025
Пожарникарите гаснат пожар што избувна по рускиот напад врз Житомирската област на 9 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Чист тероризам: 29 убиени, 34 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден, најмалку 25 убиени во украинско село за време на исплатата на пензии

September 10, 2025

Дебата за Србија во Европскиот парламент, Европската народна партија објави одлука за „напредњаците“ на Вучиќ

September 10, 2025
CCTV го сними моментот на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас тврди дека раководството го преживеало израелскиот напад во Доха, но потврдува шест смртни случаи

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

September 10, 2025
Фото: Твитер

Полска собори беспилотни летала во својот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина

September 10, 2025

Увидот во Избирачкиот список завршува утре, до 13 септември се доставуваат кандидатските листи за Локалните избори 2025

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Даноците и социјалните разлики во општеството

August 12, 2019 11:24
in АНАЛИЗИ
Background text pattern concept wordcloud illustration of social inequality

Background text pattern concept wordcloud illustration of social inequality

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Во последно време во Македонија  мошне актуелно е прашањето за даноците. Поранешната влада го воведе рамниот данок, со тврдење дека таквиот данок придонесува за стимулирање на економскиот развој на дражавата. Актуелната влада поаѓајќи од идеолошки консидерации и огромните социјални разлики кои постојат во македонското општество се определи да воведе прогресивен данок. Во економската теорија мошне добро се познати предностите и недостатоците и на едниот и на другиот данок. Познато е исто така дека рамниот данок оди во прилог на богатите, додека со прогресивниот данок се создаваат услови за градење на правично општество во кое нема екстремни социјални разлики. Како најдобар пример за правично и добро општество најчесто се наведуваат Шведска и останатите скандинавски земји.

Определбите на актуелната македонска влада да воведе прогресивен данок предизвика незадоволство кај стопанствениците, кои се најбогати луѓе во државата! Богатството на нашите капиталисти е неспоредливо помало од богатството на капиталистите во високо развиените земји, меѓутоа, социјалните разлики во македонското општество се енормни и претставуваат серизна пречка за успешен економски развој и за мирот и стабилноста на државата! Нема и не може да има мир и стабилост во држава во која мал број  луѓе континуирано прогресивно се збогатуваат и  водат луксузен живот, додека  значаен дел од граѓаните немаат пари ни за леб! Ниедна држава не може да биде одржлива доколку нема функционална економија, која би била базирана на конкуренција и на владеење на правото! Нема напредок на држава во која најмногу стотина богати луѓе имаат монопол на(д) економијата и кои се јавуваат како единствени „играчи“ на берзата и на тендерите!

Согласно проценките на Владата  воведувањето на прогресивниот данок ќе придонесе за зголемување на буџетот за  25-30 милиони евра, кои би се користеле за зголемување на платите на медицинарите и наставниците.  Меѓутоа, со парите што би се добиле со прогресивниот данок можат да се прават сaмо козметички дотерувања, но не и битно подобрување на социјалната мапа во државата!

Најголеми социјални разлики во нашата држава се направени со криминалната приватизација на општествениот/државниот капитал.  Законот за приватизација беше донесен во 1993 година кога во Собранието имаше опозиција, а приватизацијата на општествениот/државниот капитал се изврши по нерегуларните парламентарни и  претседателски избори во 1994 година, кога, поради познати причини во Собранието на РМ немаше опозиција! Наместо пред приватизацијата да се врати одземениот имот на поранешните сопственици, како што тоа беше направено во некои други поранешни социјалистички земји, Законот за денационализација беше донесен дури по смената на власта во 1998 година.

Приватизацијата во Македонија се вршеше во мошне матна атмосфера и во интерес на одбрана привилегирана малубројна група луѓе, кои стануваа газди на мошне вреден имот за ич пари! Со подршка и помош на власта, овие луѓе станаа сопственици на мошне вреден имот (деловн простор градежно земјиште, хотели, банки и слични финансиски институции итн.). За да станат газди, многу претпријатија намерно се обезвредуваа, се затвараа бројни фабрики, што доведе огромен број работници да останат без работа. Со астрономските затезни камати на сметките на богатите се акумулираа големи профити од неинформираните и/ли дезинформирани и изманипулирани граѓани! Мошне негативна улога во криминалната приватизација одиграа корумпирани стечајни управници и корумпирани стечајни судии, кои за својот придонес во матната приватизација се стекнаа со огромни богатства!

Впечаток е дека актуелната македонска власт е свесна за гревовите на претходните раководства на СДСМ и за штетите кои им беа нанесени на голем број граѓани и најавува мерки за санирање на некои од нив. По повеќе од две децении решено е прашањето на некои стечајци, кои залудно протестираа и бараа да им биде доделена макар минимална помош. Меѓутоа, впечаток е дека ни актуелната власт не е подготвена за порадикални промени, кои би воделе кон намалување на социјалните разлики во државата!?

Актуелното раководство на СДСМ, кое управува со државата, треба да има предвид дека Македонија спаѓа во редот на земјите со најголеми социјални разлики во Европа и во светот и дека прогресивниот данок на платите не може да биде единствен инструмент за намалување на социјалните разлики и за воспоставување на поправично општество во нашата држава. Мислам дека би било добро актуелната власт да иницира средба со луѓето кои со криминалната приватизација го разграбија државниот капитал, со цел изнаоѓање на модел за нивно учество во надминувањето на огромните социјални разлики во државата. Решението би требало да се бара во воведувањето на прогресивен данок на имотот и на приходите од имотот!

Целосно сум свесен дека ставовите и мислењата што се изнесени во написов нема да наидат на одобрување од страна на  олигарсите во нашата држава. Меѓутоа, како човек кој слободно размислува и кој секогаш води сметка за интересите на државата и, јавно и отворено на политичарите им укажував на застранувањата, на грешките, гафовите и глупостите! Дражава во која постојат екстремни социјални разлики не може нормално да функционира, така што од неа бегаат не само луѓето кои се иселуваат, туку и капиталот, кој се сели во држави кои се функционални и во кои владее правото!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ