Маршот се одржува секоја четврта година во знак за поддршка на руралните области и за правата на жените во Бразил, каде е многу присутно семејното насилство.
Маршот е наречен по бразилската синдикална лидерка Маргарида Мариа Албес, која беше убиена во 1983 година.
Жените протестираа поради владината политика на проширување на употребата на пестициди и плановите на Болсонаро да експлоатира рудници во автохтони и заштитени подрачја.
Жените од разни домородни племиња протестираа поради „геноцидната политика“ на Болсонаро.
Жените го обвинија бразилскиот претседател и дека „женомразец, хомофоб и расист“
Поголемиот број жени носеа цвеќе, сламени шешири и виолетова облека – симбол на протестниот марш.
извор: МИА












