• Latest

19 август: Кулминации, нервози, распит за „Рекет“, „Титаник 3“, селективна (не)правда…

August 19, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

19 август: Кулминации, нервози, распит за „Рекет“, „Титаник 3“, селективна (не)правда…

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ

August 19, 2019 16:57
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната бара, Јанева не ги иззема Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го одби барањето за изземање на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, од предметот „Титаник 3“, по барањето за изземање на адвокатот на одбраната Еленко Миланов. Барањето за изземање го образложи со ставот дека тоа е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир, на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Кичеец и пензионерката Тодоровска на распит за „Рекет“

Второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец дава исказ во Обвинитеството за организиран криминал и корупција.

Покрај него, денеска покана добила и пензионерката Лилјана Тодоровска чија идеја за изградба на центар за возрасни, еден вид на старечки домови, била пласирана преку невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Нејзиното име се споменува во аферата затоа што на нејзината банкарска сметка легнале 720 илјади евра од ГП Пелистер, за кои таа изјави дека веднаш штом ги подигнала ѝ биле одземени од претставници на невладината на Боки 13.

СДСМ: Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира бидејќи Зоки Кичеец дава исказ во ОЈО

„Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конфернции. Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите, на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец“, велат од СДСМ.

„Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ? Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ прашаа каде е торбата со пари, и од каде има пари СДСМ за реновирање на партиската зграда.

Алтернатива: Селективната правда произведува неправедна држава

Почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, не си даваме за право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство, за случајот „Рекет”, да има најголема посветеност и, притоа, никој да не биде амнестиран, кој и да бил тој и каква и функција да има. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет, на криминал и рекет.

Очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во „септичка јама”, во која ќе цути организираниот криминал и корупцијата.

 Флеш Вести

Голем интерес за „Купи куќа – купи стан“

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“, што е поставен на веб-страницата на Министерството.

„Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете, е причината за големиот интерес“, велат од Министерството.

Косово забрани увоз на компир и мед од Северна Македонија

Македонските власти ќе побараат од Косово објаснување со аргументи врз основа на кои меѓународни стандарди е донесена мерката на Приштина за забрана на увоз на компир и мед од земјава.

ЦИВИЛ остро реагира на манипулативното пренесување на содржините од веб страницата и од настаните на организацијата

ЦИВИЛ Медиа остро реагира на манипулативното и неовластеното пренесување на содржините од веб страницата, како и целосно погрешно и манипулативно пренесување на излагања на настани од затворен карактер на ЦИВИЛ, организацијата чија организациска единица е оваа Редакција. Пренесувањето на информации за настаните, како и содржини на медиумската платформа на ЦИВИЛ е добредојдено, доколку е барем приближно во согласност со Условите за користење, зашитата на авторските права и на приватноста. Но, манипулации со информациите со цел да се постигнат обратни, односно пропагандни цели на одредени политички структури е неприфатливо!

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ