• Latest

Теута, Катица, Бујар, Али, Груевски… ЕЛЕМ, ДУИ, ДКСК, ЕУ…

August 22, 2019
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Теута, Катица, Бујар, Али, Груевски… ЕЛЕМ, ДУИ, ДКСК, ЕУ…

Теута за шест години постави банкини и асфалтираше улица од 600 метри... Утринската слана... Потенцијали, инвестиции, релативизација... ДУИ ќе го наместат и второто поколение блиску до тендерите... Најчист е ДУИ... Катица, знаењето и намерите... Работниот комитет на Бујар... Редот после Катица...

August 22, 2019 15:13
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ

ТЕУТА ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ПОСТАВИ БАНКИНИ И АСФАЛТИРАШЕ УЛИЦА ОД 600 МЕТРИ

Теута наместо да се крие, да се срами и да одговара за тоа што од буџетот на општината плаќа повеќе од 500 души, од кои голем број не се ни јавуваат на работа, треба, заедно со своите блиски, само да гласаат за ДУИ.

Таа оди до таму што пред неколку дена дури и се слика и се фали дека после шест години, откако е на таа функција, поставила банкини и асфалтирала една улица долга не повеќе од 600 метри, како да давала свои пари.

УТРИНСКАТА СЛАНА

Во РСМ, за неселективна правда, за тоа законот да важи еднакво за сите и за добивање „кристално чиста препорака“ од ЕУ за почеток на преговорите, декларативно и крајно лицемерно, се изјаснуваат и тие за кои се отворени предистражни и истражни постапки или веќе седнале на обвинителна клупа.

Доколку судските процеси, како до сега, се одолговлекуваат и натаму, сигурно од кривична и политичка одговорност ќе се спасат сите оние кои се надеваат дека „бомбите“ ќе ја имаат судбината на „утринската слана“, како што еден од нив и се изрази пред извесно време.

ПОТЕНЦИЈАЛИ, ИНВЕСТИЦИИ, РЕЛАТИВИЗАЦИЈА

Станува сѐ појасно дека РСМ, со стандардните инструменти на правната држава и со ова судство, без некој друг облик директна странска интервенција, различен од тие што беа применети во последните четири години, невозможно е да ја надмине кризата во која сѐ повеќе запаѓа.

Причина за тоа е што на власт останаа не мал број од тие кои, во заедничка власт со Груевски, државата ја донесоа во оваа состојба.

Не се исклучува можноста сега и аферата „рекет“ и одговорноста на Катица Јанева, со одолговлекување слично на досегашните случаи, да се релативизираат, со што би се спасиле и некои евентуално вмешани актуелни политичари.

ДУИ ЌЕ ГО НАМЕСТАТ И ВТОРОТО ПОКОЛЕНИЕ БЛИСКУ ДО ТЕНДЕРИТЕ

Читаме дека антикорупциска не нашла ништо противзаконско кај бројните вработувања во јавниот сектор.

За противзаконско вработување, треба да ви е познато, се одговара по други основи, а не за непотизам. За непотизам се одговара само во случај на пополнување на работни места со членови на своето семејство.

Ќерката на собранискиот спикер во ЕЛЕМ е преместена од позната осигурителна компанија и „случајно“ станала токму  одговорен референт за подготовка на тендерска документација за меѓународни тендери.

Овие од ДУИ изгледа одлучиле и второто поколение да го наместат близу до тендерите.

НАЈЧИСТО Е ДУИ

Не случајно во РСМ, корупцијата се откри и на врвот на СЈО. Без корупција и непотизам остана уште само ДУИ.

КАТИЦА, ЗНАЕЊЕТО И НАМЕРИТЕ

Повеќе треба да бидеме изненадени и разочарани, не од Катица, туку од знаењето и намерите на тие што одлучиле да ја постават на таа функција.

РАБОТНИОТ КОМИТЕТ НА БУЈАР

Од Владата и од Бујар одамна не слушаме дали успешно заврши СКРИНИНГОТ и дали и натаму се на сила од истиот Бујар прогласената вонредна состојба и мобилизација од хигиеничарка до министри за неговото спроведување. За истата цел, Бујар формираше и еден специјален „Работен Комитет“, за кој, исто така, не знаеме дали е сѐ уште активен или е распуштен.

РЕДОТ ПОСЛЕ КАТИЦА

Ако редот после Катица не е подолг и на ред не дојдат и тие што земале мито по два и пол милиони, само со неа ништо не правиме.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share112Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ