поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ТЕУТА ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ПОСТАВИ БАНКИНИ И АСФАЛТИРАШЕ УЛИЦА ОД 600 МЕТРИ
Теута наместо да се крие, да се срами и да одговара за тоа што од буџетот на општината плаќа повеќе од 500 души, од кои голем број не се ни јавуваат на работа, треба, заедно со своите блиски, само да гласаат за ДУИ.
Таа оди до таму што пред неколку дена дури и се слика и се фали дека после шест години, откако е на таа функција, поставила банкини и асфалтирала една улица долга не повеќе од 600 метри, како да давала свои пари.
УТРИНСКАТА СЛАНА
Во РСМ, за неселективна правда, за тоа законот да важи еднакво за сите и за добивање „кристално чиста препорака“ од ЕУ за почеток на преговорите, декларативно и крајно лицемерно, се изјаснуваат и тие за кои се отворени предистражни и истражни постапки или веќе седнале на обвинителна клупа.
Доколку судските процеси, како до сега, се одолговлекуваат и натаму, сигурно од кривична и политичка одговорност ќе се спасат сите оние кои се надеваат дека „бомбите“ ќе ја имаат судбината на „утринската слана“, како што еден од нив и се изрази пред извесно време.
ПОТЕНЦИЈАЛИ, ИНВЕСТИЦИИ, РЕЛАТИВИЗАЦИЈА
Станува сѐ појасно дека РСМ, со стандардните инструменти на правната држава и со ова судство, без некој друг облик директна странска интервенција, различен од тие што беа применети во последните четири години, невозможно е да ја надмине кризата во која сѐ повеќе запаѓа.
Причина за тоа е што на власт останаа не мал број од тие кои, во заедничка власт со Груевски, државата ја донесоа во оваа состојба.
Не се исклучува можноста сега и аферата „рекет“ и одговорноста на Катица Јанева, со одолговлекување слично на досегашните случаи, да се релативизираат, со што би се спасиле и некои евентуално вмешани актуелни политичари.
ДУИ ЌЕ ГО НАМЕСТАТ И ВТОРОТО ПОКОЛЕНИЕ БЛИСКУ ДО ТЕНДЕРИТЕ
Читаме дека антикорупциска не нашла ништо противзаконско кај бројните вработувања во јавниот сектор.
За противзаконско вработување, треба да ви е познато, се одговара по други основи, а не за непотизам. За непотизам се одговара само во случај на пополнување на работни места со членови на своето семејство.
Ќерката на собранискиот спикер во ЕЛЕМ е преместена од позната осигурителна компанија и „случајно“ станала токму одговорен референт за подготовка на тендерска документација за меѓународни тендери.
Овие од ДУИ изгледа одлучиле и второто поколение да го наместат близу до тендерите.
НАЈЧИСТО Е ДУИ
Не случајно во РСМ, корупцијата се откри и на врвот на СЈО. Без корупција и непотизам остана уште само ДУИ.
КАТИЦА, ЗНАЕЊЕТО И НАМЕРИТЕ
Повеќе треба да бидеме изненадени и разочарани, не од Катица, туку од знаењето и намерите на тие што одлучиле да ја постават на таа функција.
РАБОТНИОТ КОМИТЕТ НА БУЈАР
Од Владата и од Бујар одамна не слушаме дали успешно заврши СКРИНИНГОТ и дали и натаму се на сила од истиот Бујар прогласената вонредна состојба и мобилизација од хигиеничарка до министри за неговото спроведување. За истата цел, Бујар формираше и еден специјален „Работен Комитет“, за кој, исто така, не знаеме дали е сѐ уште активен или е распуштен.
РЕДОТ ПОСЛЕ КАТИЦА
Ако редот после Катица не е подолг и на ред не дојдат и тие што земале мито по два и пол милиони, само со неа ништо не правиме.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.