• Latest

Прилепчани први ќе се возат во нови еколошки автобуси

August 24, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прилепчани први ќе се возат во нови еколошки автобуси

Заев: Набавката на еко автобуси е сериозен придонес на општината Прилеп да им се придружи на градовите кои ги прифаќаат принципите за одржлив развој и грижата за секој граѓанин преку грижата за здрава животна средина

August 24, 2019 17:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска учествуваше на свеченоста по повод пуштањето на 4 еко автобуси кои се вклучуваат во системот на јавниот патнички транспортен систем во Општина Прилеп.

Премиерот Заев на настанот, на кој учествуваа и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Марија Цветаноска, истакна дека овој настан е дел од промоциите на проекти, мерки или решенија кои се од директна придобивка за здравјето на граѓаните и за заштита на животната средина со кои Општина Прилеп обезбедува еколошки, пријателски јавен транспортен систем за сите прилепчани.

Заев потенцираше дека станува збор за систем кој низ годините што претстојат ќе обезбеди еколошки чист, безбеден и ефикасен јавен сообраќај, на големо задоволство на граѓаните и на општината.

„Екологијата е важна работа во државата и овие четири, нови автобуси навистина Прилеп ќе го направат еколошки град, многу позначаен, знаејќи дека преку тоа го штитиме здравјето на граѓаните. Сакам да им честитам и на сите во Општината, коишто управуваат со општинските пари, за оваа сериозна инвестиција, многу важна, којашто покрај тоа што овозможува еколошки транспорт на граѓаните од една дестинација до друга низ Прилеп, секако ја испраќа пораката до сите нас граѓаните, до целата држава, за еколошките вредности, за важноста за здравјето на граѓаните за коешто треба да бидеме посветени сите ние“, истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев нагласи дека тој, и Владата на Република Северна Македонија, и понатаму ќе продолжат да се фокусираат на еколошките активности , и да работат заедно со општините на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.

„Сакам да ја информирам јавноста дека ми е драго како претседател на Владата што општините се вклучуваат во сите овие еколошки активности. Владата веќе ја подготвува програмата за субституција во неколку града, којашто ќе почне пред грејната сезона за замена на грејните тела на фосилни горива со високо вредностните инвертори и други системи за еколошко греење и ладење, коешто како огромен проект веќе се развива во во владините институции и владините јавни претпријатија“, рече премиерот Заев.

На оваа пригодна церемонија изјави за медиумите имаа и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска, кои истакнаа дека со новите автобуси значително ќе го подобрат јавниот превоз во градот, кој освен квалитетен градски превоз ќе придонесе и за поздрава животна средина.

Д.М.
Фотографија и видео: Влада на РСМ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ