Во првиот квартал од 2019 година вработеноста се зголемила за 5.3% или 39.500 вработени повеќе во споредба со првиот квартал од 2018. Ова, според премиерот Зоран Заев, продолжува со позитивен тренд и затоа и при преставување на новиот ребаланс на буџетот предвидени се истите економски и финансиски политики.
Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска, денеска го презентираа најновиот ребаланс на државниот буџет. Тие истакнаа дека приходите се предвидени да достигнат 210,5 милјарди денари, а расходите на 228,3 милијарди денари, со што дефицитот останал на исто ниво како и претходно, односно 2,5% од бруто домашниот производ.
Со новиот ребаланс се предвидува раст на БДП од 3,2 на 3,5 проценти. „200 милиони денари се предвидени за мерката за вработување, претежно на младите, 400 милиони денари за субвенционирање на зголемувањето на платите, 815 милиони денари за трансфер во вториот приватен столб“ – изјави Заев.
Новоизбраната министерка за финансии Нина Ангеловска, истакна дека кратењата во расходите се главно во капиталните инвестиции каде е забележано задоцнување во нивната реализација.
Арбен Зеќири