• Latest

Синдикатот на УПОЗ предлага нов начин на пресметка на платите во администрацијата

September 17, 2019
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Синдикатот на УПОЗ предлага нов начин на пресметка на платите во администрацијата

September 17, 2019 12:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) денеска предложи нов начин на пресметка на платите во администрацијата, според кој, вредноста на бодот би се усогласувала со висината на просечната плата во државата секој месец.

Доколку Владата не сака да отстапи од сегашниот концепт на плати УПОЗ бара, како што велат оттаму, да се направи правилна пресметка на трошоците за храна и превоз коишто во брутото се пресметуваат со износот од 2009 година.

Трпе Деановски, генерален секретар на УПОЗ, денеска на прес-конференција рече дека не се согласуваат со предвиденото покачување на платите. – Со зголемување на минималната плата, концептот на платите во администрацијата, судовите и обвинителствата и затворите ќе биде апсолутно нефункционален и некорисен.

„За де се избегне колапсот и неминовните штрајкови предлагаме нов начин на пресметка на платите со којшто Владата ќе ја замрзне сегашната вредност на бодот на административните службеници од 81,1 денар. Вредноста на бруто исплатената плата на јуни изнесува 37.440 денари. Кога вредноста на бурто платата ќе ја поделиме со 81,1 денар ќе ни го даде коефициентот 462“, рече на прес-конференција Деаноски.

Таков систем на пресметка на плати, дополни, веќе постои во многу држави во Европа и со него ако расте просечната плата ќе се зголеми и платата во администрацијата, а ако паѓа ќе се намалува и платата на административците.

Според Деановски, со правилна пресметка на храната и превозот платите на сите вработени во државата без разлика дали се во јавниот или во приватниот сектор ќе се зголемат за 4.755 денари. Во 2009 година со реформата на концептот на бруто плата на вработените во пресметката на плата им беа вклучени и трошоците за храна и превоз. Тогаш износот за превозот беше 900 денари, а за хранарината 2.300 денари.

„Согласно со последната објавена потрошувачка кошничка од Државниот завод за статистика доколку месецот има 22 работни дена висината на трошокот за храна треба да изнесува 6.755 денари, а за превоз се движи од 1.200 до 1.500 денари и вкупно би бил 7.955 денари“, наведе генералниот секретар на УПОЗ и најави дека за предлозите ќе ги информираат Владата и министерствата за финансии и за информатичко општество и администрација.

Со најавената субвенција од Владата, велат од УПОЗ, платите во приватниот сектор ќе се зголемуваат до 6.000 денари, а со покачувањето од пет проценти вработените со најниски плати во администрацијата и јавниот сектор ќе добијат зголемување од 500 денари.

„Бидејќи државата не може да се субвенционира самата себе бараме решение како да го направи тоа без некаква субвенција. Наједноставно решение е зголемување на трошокот за  храна и превоз. Ако се зголеми нема да биде 100 евра, но ќе дојде до 4.900 денари. Но, подобар би бил првиот предлог, да се замрзне вредноста на бодот и платата да се пресметува со ислатената бруто плата секој месец“, рече Деановски.

Тој оцени дека нискиот износ на платите во администрацијата е причина за одлив на вработените од овој сектор. Ако во државата просечната плата изнесува 25.200 денари,  просечната плата во администрацијата е 17.000 денари. Над 80 проценти  од вработените во администрацијата земаат помала плата од државниот просек, информира генералниот секретар на УПОЗ.

Минималната плата во државава сега изнесува 12.600 денари, а според УПОЗ нејзиниот реален износ треба да биде 60 проценти од просечната плата и да изнесува 15.123 денари.


Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ