• Latest

Потенцијал за економска соработка со Косово и Албанија, проблем инфраструктурата

September 18, 2019
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потенцијал за економска соработка со Косово и Албанија, проблем инфраструктурата

September 18, 2019 13:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инфаструктурата и натаму е клучен проблем за поголема соработка помеѓу бизнисмените од земјава, Албанија и Косово. Тие денеска на средба во Скопје побараа од политичарите да ги забрзаат инфраструктурните проекти и да ги намалат процедурите за побрз проток на стока, што ќе резултира со нивна поголема соработка и трговска размена.

– Соработката меѓу нашите компании во регионот не е задоволителна и поради тоа денеска сме собрани тука да испратиме порака до владите  бариерите и проблемите што не тангираат на што побрз начин да ги решиме. Ќе дискутираме за проблемите. Бариерите се од различен вид, најпрвин инфраструктурата, потоа нетарифните бариери. Имаме и други проблеми кои веќе се решаваат и мислиме дека со овој настан ќе придонесеме да создадеме поубава клима на бизнисот во целиот регион, изјави Неби Хоџа, претседател на Комората на Северозападна Македонија.

Тој порача дека за бизнисот е неприфатливо изградбата на автопатот Скопје-Блаце да биде завршена до 2023 година и побара интензивирање на активностите. – Економскиот развој не може да се оствари во недостаток на инфраструктура, потенцираше Хоџа.

Николин Јака, претседател на Трговската комора на Албанија, пак, порача дека целта е да функционираат како брз и ефективен триаголник и сите три страни да бидат функционални и ефективни. -Како прва и најзначајна пречка во таа насока е патната инфраструктура за што ќе треба да се дискутира за да се преземат одредени мерки и активности, забележа Јака, посочувајќи дека е добро што ќе се олеснат сите постапки за транспорт на производи од една во друга држава,како и дека дополнително се отстрануваат даночните и неданочните пречки и бирократски постапки коишто ги одолговлекуваат сите активности.

Според Скендер Красниќи, претседател на Стопанската комора на Косово, новиот автопат од Приштина до нашата граница веќе ја подобрила трговската размена. Чекаме да се преземат активности и за останатиот дел од мерките предвидени од страна на СЕверна Македонија и да се подобри уште повеќе трговската размена,посочи Красниќи.

Како што наведе министерот за економија Крешник Бектеши, Владата ќе ги разгледа сите сугестии и барања од бизнис заедницата  со којашто како и досега и во иднина ќе ги креира заедно идните економски политики и мерки.  – Истовремено ќе разговараме многу отворено со нашите соседи за да ги укинеме сите нетарифни административни или технички бариери што можат да создаваат проблеми во трговска размена помеѓу нашите држави, најави Бектеши.

Премиерот Зоран Заев оцени дека потенциајалот за соработка на стопнствениците од државава, Косово и Албанија е огромен, бројките за трговската размена се зголемуваат, а за подобри резултати и нивна поддршка, како штоп рече, владите се фокусирани да изградат подобра  инфраструктура и да ги подобрат административните процедури.

– Тендерот за првата делница  од автопатот Скопје – Блаце е распишан, верувам дека  до крајот на годинава или почетокот на следната година ќе биде распишан и за вториот дел. Наша намера е со брз интензитет да го изградиме автопатското решение Скопје-Блаце во вкупна должина од 12 километри. Автопатот Кичево – Охрид  се гради со одлична динамика. Ова е значајна делница која ќе даде сериозен придоенс во унапредување на економската соработка, рече Заев, посочувајќи дека во таа насока е и  пуштениот нов царински терминал на ГП Ќафасан со Албанија, каде завршуваат административните процедури и за заедничко гранично управување.

Само деловните луѓе, порача премиерот, можат да го препознаат огромниот потенцијал за соработка, а поддршка за бизнисот најавува и по очекуваниот старт на преговорите за членство во Европската унија и отворањето на европските фондови.

– Како влади имаме паралелен интерс со вас деловните луѓе. Ако ваш интерес е профитот, нашиот интерес се работни места,  зголоемување на трговијата, БДП  и новите технологии што ги носите. Политичката соработка е на извонредно  ниво, Северна Македонија и Албанија се пред исполнување на историски одлуки и конечно да почнеме преговори со ЕУ. Верувам дека со отворање на фондовите на ЕУ ќе можеме дополнително со нови финансиски ресурси да ги поддржиме вашите бизниси заради тоа што поддржувајќи ве вас, дефинитивно ги поддржуваме нашите граѓани и нашите земји, рече Заев.

Поддршка за бизнисот од аспект на усвојување на потребната легислатива најави претседателот на Собранието Талат Џафери, порачувајќи дека со заедничкат соседска, регионална, па дури и глобална соработка,  се помага економијата. – Пред се, им го олеснуваме и подобруваме животот на нашите граѓани. Иако реално, како индивидуални пазари сме мали и не сме атрактивни меѓутоа, доколку ги обединиме силите и делуваме заедно, тогаш секако сме доста интересни и привлечни за големите инвеститори. Освен економската придобивка, политичката порака на заедничкото настапување пред меѓународниот фактор ќе го даде најпосакуваниот ефект, односно, пораката дека сме стабилен и сигурен регион, регион во кој се гарантира секој вложен денар и ова ќе не претвори во значајни и кредибилни меѓународни играчи, рече Џафери.

Регионалниот Б2Б настан на стопанственците од трите држави се одржува во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија. Бизнисмените и претставниците на институциите дебатираат на темите „Олеснување на трговијата преку институционална соработка меѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“ и „Можностите за соработка, инвестиции и заеднички пристап на регионалните пазари и пошироко“.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ