• Latest

Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“

September 24, 2019
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“

September 24, 2019 12:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со читање на предложените докази од СЈО, а сега преземени од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска продолжи судењето за предметот „Титаник“, кој се наоѓа во доказна постапка.

Рочиштето почна со читање на 4.851 доказ од околу 5.900. Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Пред почетокот на расправата адвокатот Еленко Миланов рече дека овластувањето на обвинителката Стефанова е спротивно на законот за Јавно обвинителство. Според него, иако за Стефанова  нема податок каде ја извршува својата функција таа е вратена во ОЈО Радовиш.

Тој смета дека републичкиот јавен обвинител немал право да го овласти обвинителот од ОЈО Радовиш бидејќи според правната квалификација на предметот може да го застапува само обвинител од ОЈО за гонење  на организиран криминал и корупција.

Осомничениот Илија Димовски постави прашање до судот кој е правниот основ за превземање на предметот од страна на ОЈО и дали обвинетите имаат право на такви информации и побара увид во писмото на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за предавање на предметите на републичкиот обвинител Јовески. Тој побара увид и во документот да видат каде е заснован работниот однос во овој момент на обвинителката Стефанова. Димовски побара запирање на постапката до добивање одговор на поставените прашања.

Адвокатот Боро Тасев рече дека се заборава дека во законот за СЈО се ставени гаранции за неговата автономност и независност и тој закон се уште е во сила. Со преземање на предметите од друго обвинителство овие силни гаранции се бришат. Тие гаранции беа за спречување на влијание врз обвинителството и предметите. Со бришење на тие гаранции ќе се наруши принципот на правичност и фер судење, рече Тасев и побара одложување на рочиштата до разрешување на дилемите.

Обвинителката Стефанова рече дека нејзиното присуство денеска го поткрепила со овластување кое го доставила.

Судот ги одби сите предлозите на одбраната и обвинетите и предлогот на адвокатот Боро Тасевски.  Според судијата Шабани обвинителката доставила уредно овластување и може да продолжи со предметот.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Print Friendly, PDF & Email
Share56Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ